ФЕД ќе постигне побрзо нормализирање на каматната стапка од очекувањата

До 2020 година се очекува да дојде до нормализирање од 3,5 насто

ФЕД ќе постигне побрзо нормализирање на каматната стапка од очекувањата

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич рејтинг“ соопшти дека Американската централна банка (ФЕД) побрзо ie ja нормализира каматната стапка од очекувањата.

Во соопштението кое беше објавено од страна на агенцијата „Фич рејтинг“ беше истакнато дека последното зголемување на каматната стапка од страна на ФЕД беше трет пораст во последните 7 месеци и дека со овој пораст се предвидува ФЕД многу побрзо да ја нормализира каматната стапка во споредба со очекувањата на финансиските пазари.

Во соопштението се алудира и на изјавата на претседателот на Централната банка ФЕД Џанет Јелен која рече дека до 2020 година се очекува да дојде до нормализирање од 3,5 насто, додека во 10 годишните државни обврзници пораст од над 4 насто.

Во врска со целта на ФЕД за постигнување инфлациона стапка од 2 насто, во соопштението беше истакнато дека земајќи го во предвид потенцијалот за економски раст на САД, во иднина се очекува да се донесат и одлуки за зголемување на каматната стапка.



Слични вести