Вредноста на виртуелната пара „Bitcoin“ се намали на 2.050 долари

Од понеделникот наваму виртуелната пара „Bitcoin“ изгуби 32 насто од вредност

Вредноста на виртуелната пара „Bitcoin“ се намали на 2.050 долари

Вредноста на виртуелната пара „Bitcoin“ се намали на 2.050 долари и неделава изгуби вредност од 32 насто.

Вредноста на виртуелната пара на интернет која нема ниту банка ниту држава во последните неколку недели собори неколку рекорди и достигна дури 3,000 долари.

Почнувајќи од почетокот на неделава вредноста на виртуелната пара „Bitcoin“ постепено почна да се намалува и изнесува 2,050 долари.

Од понеделникот наваму виртуелната пара „Bitcoin“ изгуби 32 насто од вредноста и тоа е најостриот пад од јануари 2015 година наваму.

На тој начин виртуелната пара „Bitcoin“ го изгуби целиот профит со кој се стекна од 20 мај наваму.

Експертите истакнуваат дека намалувањето на цената на акциите на технолошките компании во САД е една од основните причини поради која е намали побарувачката кон виртуелната пара „Bitcoin“.



Слични вести