Турција првпат оствари извоз на живина во Јапонија

Постоечкиот обем на трговска размена од 4,7 милијарди долари, Турција бара да се зголеми за 4 до 5 пати

Турција првпат оствари извоз на живина во Јапонија

Контејнерот од 500 тони живина од Турција влезе во Јапонија.

Министерот за економија Нихат Зејбекчи кој престојува во официјална посета на Јапонија учествуваше на приемот што се одржа во амбасадата на Република Турција во Токио.

Во рамките на дводневната посета на Токио, министерот Зејбекчи одржа средби со тројца различни јапонски колеги а исто така оствари и средби со претставниците на угледните установи и бизнисмени.

Една од најзначајните точки на дневниот ред на средбите беше договорот за слободна трговија од 2014 година наваму. Во рамките на договорот ја одржавме осмата серија на средби меѓу надлежните министерства на двете земји и деветата планираме да ја оствариме во април.

Зејбекчи во говорот потенцираше дека постоечкиот обем на трговска размена од 4,7 милијарди долари, Турција бара да се зголеми за 4 до 5 пати.

Турција придава големо значење на Јапонија. Веруваме дека 2018 година ќе биде пресвртна година од аспект на унапредувањето и развојот на економските односи меѓу двете земји.



Слични вести