Јилдирим:Приоритет на Турција веќе не е тероризмот туку економијата

Премиерот Бинали Јилдирим кој говореше на самитот посветен на индустријата и технологијата во градот Гебзе рече дека целта на турската влада во следниот период не е борбата против тероризмот,туку како уште повеќе да се развие економијата.

Јилдирим:Приоритет на Турција веќе не е тероризмот туку економијата

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека тероризмот повеќе не е приоритетно прашање на Турција, туку дека тоа е економијата.

Јилдирим кој говореше на самитот посветен на индустријата и технологијата во градот Гебзе рече дека целта на турската влада во следниот период не е борбата против тероризмот,туку како уште повеќе да се развие економијата.

Турција,рече премиерот Јилдирим, постигна голем успех во борбата против тероризмот во Сирија.

„Не е лесна работа да се обезбеди безбедност и стабилност во Сирија воедно и да се стави крај на тероризмот. Турција го постигна тоа.Не можеме да се исклучиме од судбината на регионот во кој што се наоѓаме. Турција и соседите треба да бидат центрите кои ќе одлучат за иднината на регионот:“истакна премиерот Јилдирим.

Осврнувајќи се на важноста од унапредување на техлогогијата премиерот Јилдирим додаде:

„Секој може да произведе производи кои не бараат технологија,но земјите кои немаат пристап кон информацијата заостануваат во трката.Информацијата е сила,така да оние кои имаат пристап до информацијата и знаењето имаат сила, другите заостануваат во таа трка.“

Турција во 2017 оствари рекорден економски раст од 7,4 посто,што ги изненади одредени меѓународни рејтинг агенции кои од политички причини кажуваа пониски бројки.

Турција е земја која стои цврсто на своите нозе,додаде премиерот Јилдирим.

 

 



Слични вести