Намален индексот на доверба во Еврозоната

Показателот за постоечката економска состојба во регионот во наведениот период со пораст од 1,5 поени се зголеми на 57,7 поени

Намален индексот на доверба во Еврозоната

Според истражувањето на Центарот за европски економски истражувања (ЗЕВ), индексот на доверба во еврозоната се во април од 13,4 поени се намали на 1.9 поен.

Индексот на економска доверба кој се мери од страна на Центарот ЗЕВ врз основа на довербата која што ја чувствуваат институционалните инвеститори и аналитичари во економијата  во споредба со март се намали за 11,5 поени и се спушти на ниво од 1,9 поени.

Показателот за постоечката економска состојба во регионот во наведениот период со пораст од 1,5 поени се зголеми на 57,7 поени.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Центарот за економски истражувања на Европа (ЗЕВ) со седиште во германскиот град Манхајм, причината за неочекуваното назадување на индексот потекнува од САД и меѓународните трговски судири како и превирањата во Сирија. Меѓудругото, неповолните бројки кои пристигнаа о првиот квартал на 2018 во врска со производството и малопродажбата неповолно се доразија врз индексот.



Слични вести