Стапката на невработеност во мар намалена за 1,6 поени

Бројот на невработените во Турција од 15 годишна возраст натаму во март во споредба со истиот период лани се намали за 432 илјади и изнесува 3 милиони 210 илјади

Стапката на невработеност во мар намалена за 1,6 поени

Стапката на невработеност во март во Турција во споредба со истиот период лани падна за 1,6 поени и изнесува 10,1 насто.

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги објави статистичките податоци за март.

Според објавените податоци, бројот на невработените во Турција од 15 годишна возраст натаму во март во споредба со истиот период лани се намали за 432 илјади и изнесува 3 милиони 210 илјади. Стапката на невработеност во истиот период се намали за 1,6 поени и изнесува 10,1 насто. Стапката на невработеност во март во споредба со претходниот месец се намали за 0,5 поени.

Стапката на неземјоделска невработеност во март се намали за 1,8 поени и изнесува 11,9 насто.

Стапката на невработеност во наведениот месец за возраст од 15 до 24 години со пад од 3,7 поени се намали на 17,7, додека за невработените на возраст од 15 до 64 се намали за 1,7 поени и изнесува 10,3 насто.



Слични вести