Натпревар на невестите од странско потекло во правење кафе

Првото место на натпреварот го освои невестата од Шведска Малин Ларсон

Натпревар на невестите од странско потекло во правење кафе

Невестите од странско потекло се натпреваруваа која ќе свари најубаво турско кафе.

На натпреварот во правење турско кафе под наслов „Натпреварувај се во знак на сеќавање на четириесет години“ кој се одржа во Анталија под покровителство на Здружението за живот и култура Манавгат (МАЈДЕР).

Невестите од странско потекло во областа покажаа големо интересирање кон натпреварот кој беше подржан од страна на општината Манавгат, Стопанската и индустриска комора на Манавгат (МАТСО) и Кооперацијата на еснафите и занетчиите на Манавгат во еден хотел,

Невестите од странско потекло освен тоа што вареа кафе исто така играа турски народни игри и танцеви како и семазен.

Осум невести од странско потекло најпрвин зрната на кафето ги измелија со рачни мелници, а потоа турските кафиња кои ги направија им ги понудија на членовите на жирито. Првото место на натпреварот го освои невестата од Шведска Малин Ларсон, второто невестата од Русија Валентина Оруч, а третото Ајше Демирбаш од Молдавија.



Слични вести