Ердоган избран за почесен претседател на „ Ерусалим главен младински град на Исламскиот свет“

На отворањето на програмата „ Ерусалим главен младински град на Исламскиот свет“ која што се одржа во организација на Младинскиот форум за дијалог и соработка на Исламската конференција говореше претседателот на палестинската држава Махмуд Абас.

Ердоган избран за почесен претседател на „ Ерусалим главен младински град на Исламскиот свет“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган избран започесен претседател на одборот на доверители на програмата„ Ерусалим главен младински град на Исламскиот свет“.

Ова се истакнува во писменото соопштение на Младинскиот форум за дијалог и соработка на Исламската конференција.

Во истотото соопштение се подвлекува дека на отворањето на програмата „ Ерусалим главен младински град на Исламскиот свет“ која што се одржа во организација на Младинскиот форум за дијалог и соработка на Исламската конференција и Министерството за младина и спорт на Палестина говореше претседателот на палестинската држава Махмуд Абас.

Турција на овој младински собир ја претстави министерот за младина и спорт Осман Ашкин Бак.На собирот учествуаа 10 министри од над 30 земји меѓу кои и Турција.

Во својот говор претседателот на палестинската држава Махмуд Абас му изрази благодарнот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и на Турција инаку претседавач со Организацијата за исламска соработка, за поддршката во реализацијата на една ваква широка програма.

Претседателот Абас подвлече дека реализацијата на една ваква програма ќе биде од големо значење за палестинската младина и додаде: Ерусалимската кауза е една важна кауза која го обединува целиот муслимански свет.Ги повикувам сите наши браќа на чело со брааќата Арапи во рамките на Организацијата за исламска соработка активно да се вклучат во реализацијата на нашите приоритетни цели.

На крајот од свеченото отворање на програмата „ Ерусалим главен младински град на Исламскиот свет“претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше избран за претседател на одборот на доверители на програмата.

 

 



Слични вести