Од 1.до 2. март Светски исламски форум во Истанбул

Темата на овогодишниот 8'ми по ред форум ќе биде „ Световен авторитет и интеграцијата во теоријата и практиката“

Од 1.до 2. март Светски исламски форум во Истанбул

Од 1.до 2. март во Истанбул ќе се одржи 8. Светски исламски форум.

Темата на овогодишниот 8'ми по ред форум ќе биде „ Световен авторитет и интеграцијата во теоријата и практиката“.Паралелно со форумот ќе се одржат и два самита и тоа Светски самит на жените муслиманки и Светски самит на муслиманската младина.

Самитите ќе бидат пропратени со три симпозијума и тоа : „Истанбулски награди на исламскиот свет “,  „9. Светски исламски форум за сениори“  и „Административното раководење на духовниот живот во Османлиската држава“ .

Програмата ќе биде збогатена со неколку претстави и културно уметнички активности како што се „Учење Куран“ , изложба на слики сликани според ебру техниката, Танц на дервишите и малезиски боречки вештини.

На овој собир во глобални рамки се поканети истакнати личности од политичкиот, духовниот,филозофскиот и културниот свет од сите муслимански држави.

 



Слични вести