„Треба да ги истакнеме нашите сопствени вредности во кинематографијата и телевизиските серии“

Генералниот директор на турската радио-телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен истакна дека треба да се истакнат нашите сопствени вредности во кинематографијата и телевизиските серии

„Треба да ги истакнеме нашите сопствени вредности во кинематографијата и телевизиските серии“

Генералниот директор на турската радио-телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен стави акцент на потребата од национализација во кинематографијата и телевизиските серии.

Ибрахим Ерен во изјавата што ја даде во месноста Чобанбеј кај градот Алепо во Сирија каде што замина по повод премиерата на филмот „Дер’а за мојот брат“ (Kardeşim İçin Der'a) истакна дека турските граѓани се граѓани на земја со длабоко историско минато.

Велејќи дека оваа историја пак е распространета на еден доста пространа географија и располага со историски елементи, Ерен потенцира дека се посакува да се работи на проекти кои ќе бидат презентирани на ова историско платно и тв екран.

Алудирајќи на тоа дека во историјата на Турција има безброј вистински доживеани приказни, Ерен рече: „Ние сакаме нив да ги видиме на екраните. Не само основањето на Османлиската држава, треба да одиме уште подалеку во минатото, треба да се претставиме и објасниме себе си одејќи дури две илјади години наназад.“

Генералниот директор на турската радио-телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен напомена дека постои многу голема разлика помеѓу сфаќањето кое што владее во светот и вредностите со кои што располагаат турскиот човек и човекот од овој дел на светот.

„Затоа посакуваме да се создадат дела кои што ќе ги презентираат овие вредности. Ние не сакаме да ги копираме работите кои што ги прави Западот, туку сакаме да излеземе пред нашите гледачи со обединување на нашите сопствени приказни и нашата сопствена историја.“ - рече Ибрахим Ерен.



Слични вести