Во Бурса отворена изложба по повод 23 април, Меѓународниот фестивал на детето

Бурса 10 дена ќе биде домаќин на децата гости на Меѓународнниот детски фестивал

Во Бурса отворена изложба по повод 23 април, Меѓународниот фестивал на детето

По повод одбележувањето на 23 април, Меѓународниот фестивал на детето кој се организира од страна на Турската радио и телевизија, во Бурса беше отворена изложба под наслов „40 години со фотографии“.

На програмата во културниот центар „Тајјаре“ (Авион) по интонирањето на националната химна, беше пресечена тортата „Детскиот фестивал 23 април“.

Гувернерот на Бурса Изетин Ќучук во говорот на свеченоста рече дека градот Бурса 10 дена ќе биде домаќин на децата гости на фестивалот.

Чувствуваме големо задоволство и радост по повод одржувањето на фестивалот во Бурса, рече Ќучук потенцирајќи:

„Убави деца на светот. Чувствуваме големо задоволство и среќа што имаме можност да бидеме ваши домаќини. Задоволството и среќата кои гу чувствуваме од вашето доаѓање во Бурса не можат да се опишат со зборови. Добро е што постоите и што дојдовте во Бурса. Тука ќе престојувате 10 дена. Ќе имате можност да ги промовирате убавите народни игри и танцеви на вашите земји. Во текот на овие 10 дена ќе ни разубавите и развеселите градот. Граѓаните на Бурса ќе ве пречекаат на најубав начин.“

По говорите, свечено беше отворена изложбата „40 години со фотографии“ посветена на 23 април, Меѓународниот детски фестивал.



Слични вести