Повик од туристите во Дидим: Без размислување дојдете на одмор во Турција

Светски познатото туристичко одморалиште Дидим кое привлекува внимание со својата природа и културните богатства и со својата плажа Алтинкум долга 1.606 метри, секоја година дочекува стотици илјади домашни и странски туристи

Повик од туристите во Дидим: Без размислување дојдете на одмор во Турција

Странските туристи кои својот одмор го поминуваат во населеното место Дидим кај градот Ајдин, едниот од значајните туристички центри на егејското крајбрежје истакнаа дека Турција е извонредна земја со својата природа, морето и своите луѓе по што го упоатија следниот повик „Без размислување дојдете на одмор во Турција.“

Светски познатото туристичко одморалиште Дидим кое привлекува внимание со својата природа и културните богатства и со својата плажа Алтинкум долга 1.606 метри, секоја година дочекува стотици илјади домашни и странски туристи.

Оние кои го посетуваат Дидим не заминуваат од Турција пред да ги посетат античкиот град Милет и историското светилиште на Аполон.

Поради тоа што туристите кои доаѓаат од Англија овде купуваат куќа каде што почнуваат да живеат Дидим меѓу народот е познат како „Мала Англија“.

Во Дидим во летната сезона заедно и со еднодневните посети доаѓаат приближно 500 илјади лица.

Странските туристи кои престојуваат во он инклузив или бутик хотели поради природните убавини на ова туристичко одморалиште, морето и љубопитноста и гостопримливоста на турскиот човек својот одмор го поминуваат во големо уживање.



Слични вести