Економијата на светот 37/2017

Зошто е значајна Царинската унија за Турција ?

Економијата на светот 37/2017

Царинската унија за која честопати се вели дека претставува еден од поважните исчекори на Авропската унија во последниот период како да се почесто се актуелнизира. Царинската унија стапи во сила во 1995 година. По влегувањето на Турција во Царинската унија таа презеде критична улога во односите на унијата со Турција.

Економските односи на релација Турција-Европската унија навлегоа во еден друг период после зачленувањето на Турција во Царинската унија.Моментално 48,5 посто од целокупниот извоз на Турција се остварува токму во земјите членки на Царинската унија, факт што не е за занемарување.

Кога на овие односи ќе се погледне од аспект на Европската унија ќе се забележи дека земјите членки на унијата исто така остваруваат голем процент на извоз на своите стоки во Турција. Во 2016 година Турција беше еден од најважните трговски партнери на Европската унија, но ситуацијата беше доста поволна и од аспект на Турција која извезе стоки во вреност од 145 милиони долари во Европа. Турција по САД, Кина, Русија и Швајцарија е петтиот најголем трговски партнер на ЕУ.

Може слободно да се истакне дека Турција како членка на Царинската унија во последните 22 години оставрува една доста позитивна соработка на економски план со членките на Царинската унија. Турција не го крие своето задоволство од сето тоа, згора на тоа таа во секоја прилика ја истакнува желбата за унапредување и развивање на соработката со членките на цариснката унија, за кревање на пречките и блокадите кои ја попречуваат постојната и идната соработка ,како и за преземање на сите потребни конструктивни мерки за продлабочување на соработката.

Во тие рамки треба да се истакне важноста на ревидирањето на Записникот за соработка меѓу Турција од една и Царинската унија од друга страна постигнат во мај 2015 година. Целта на оваа ревизија е вкупните односи на релација Турција-Царинската унија да се пренесат во една понапредна димензија преку посеопфатна и пообемна интеграција.

Сведоци сме на тоа дека во сегашната констелација на односите меѓу Турција и Царинската унија сеуште е во тек визниот систем за турските државјани, така да Турција со право очекува визниот режим да биде предмет на разгледување на ревизијата.

Ако се погледне на односите на еден подетален начин веднаш ќе се забележи дека целта на зачленувањето на Турција во Царинската унија беше Турција да се вклучи во Заедничкиот европски пазар. Во 1995 година кога Царинската унија беше во фаза на формирање, само индустриските производи и преработените производи беа предмет на трговијата меѓу Турција и Европа.Со текот на времето дојде до проширување на дијапазонот на производите и услугите кои станаа предмет на соработката меѓу двата правци.

Сега на ред е вклучувањето на секторот на услуги во трговијата меѓу Турција и Европската унија. Не треба да се занемари податокот дека 70 насто од турската економија го сочинува токму секторот на услугите, така да доколку дојде до реализација на слободното движење на турските државјани во земјите од царинската унија,тоа апсолутно ќе значи дека турските државјани повеќе не ќе имаат потреба од задолжителна шенген виза за патување или престој во земјите членки на ЕУ.

Деновиве големо внимание предизвикаа изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел,околу продлабочување и проширување на Европската унија. Сепак јасно е дека овие нејзини изјави немаат било каква конструктивна улога од аспект на меѓународната трговија или глобалната економија.

По одлуката на Британија за излегување од Европската унија, унијата се сврти кон самата себеси заради сопствено преиспитување, и повторно утврдување на партнерите.

И покрај тоа што Турција сеуште не е членка на ЕУ, нејзиното членување во европската царинска унија има позитивен ефект врз меѓусебните односи. Тоа недвосмислено значи дека и кај двете страни постои потреба од продлабочување на соработката на трговски план.

 

 



Слични вести