Врската меѓу ПКК/ПЈД и ДЕАШ

После судирите меѓу терористичките организации ПКК/ПЈД и ДЕАШ е утврдено дека постојат односи базирани на обострани интереси така да истите тие стануваат евидентни на очиглед на сите извори

Врската меѓу ПКК/ПЈД и ДЕАШ

Најконкретен пример за односот меѓу терористичките организации ПКК/ПЈД и ДЕАШ се снимките кои покажуваат како после освојувањето на Рака од страна на ПКК/ПЈД во согласност со нивен меѓусебен договор членови на ДЕАШ се качуваат на автобуси кои ги изнесуваат надвор од градот.   Рака која ДЕАШ ја освои на 15 јануари 2014 и ја прогласи за свој главен град беше освоен од страна на ПКК/ПЈД со американска поддршка на 17 октомври 2017. Како резултат на договорот меѓу ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ после освојувањето на Рака, членовите на ДЕАШ кои во тој момент се наоѓаа во Рака со знаење на Америка и на силите на меѓународната коалиција на безбеден начин го напуштија градот и со автобуси беа однесени во Маркада, Ел Сувар и Дејр ез Зор .Вестите за овој договор ги подготвија новинарите на ББС Квентин Сомервил и Ријам Далат.   

 

Договорот меѓу ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ постигнат во Рака е прифатен од САД и силите на меѓународната коалиција. Портпаролот на Пентагон Ерик Пахон за тоа рече дека договорот е резултат на напорите на двете страни за заштита на цивилите и додаде :  Не значи дека секогаш сме согласни со нашите соговорници но ги почитуваме нивните напори за барање излез од проблемите. Освен тоа полковник Рајан Дилон од силите на меѓународната коалиција преку својот Твитер профил напиша дека договорот не е никаква тајна.

Талал Сило портпарол на СДГ кој на 15 ноември 2017 година се предаде на Турција во интервју за Тајмс истакна дека СДГ истиот договор го постигна и за Мембич. Сило вели дека ПЈД/ЈПГ на терористите на ДЕАШ им продаде за 200 долари дозволи за слободно движење на нивните територии.Сило понатаму вели дека Шахин Сило се договори со САД и им дозволи на 2 припадници на ДЕАШ во цивилна облека да го напуштат Менбич.

Талал Сило тврди дека еден друг договор бил постигнат во Табка на брегот на реката Еуфрат.Шахин Џило после средба со американци им дозволил на терористите на ДЕАШ да го напуштат градот на сличен начин како во Рака и во Менбич.После овие средби со сигурност може да се каже дека постои договор на база на интерес меѓу ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ.

Талал Сило во интервју за новинската агенција Анадолија како одговор на прашањето како ПКК ја обработува нафтата во Дејр ез Зор и во Хасеке одговори: ПКК и ЈПГ  започна да ја обработува нафтата после освојувањето на Румејлан во 2012 година.Порано оваа нафта ја извезуваше преку териториите под контрола на ДЕАШ.

Али Шејр лицето одговорно за финансии на ПКК живее во Камишли.Тој е директно поврзан со челниците на ПКК и човек задолжен за склучување на нафтени договори.Само тој ја знае финансиската  состојба на терористичката организација ПКК.Тоа е тајна на ПКК.

Али Шејр од 2012 година продава нафта надвор од границите.Порано продажбата се одвиваше само низ териториите под контрола на ДЕАШ.Ел Катирџи офицер на режимските сили е лицето најодговорно за набавка на нафта од ПКК.Дури се вели дека и Шахин Џило не може да му се меша во работата.Нафтата беше тајната на ПКК. Прашувајќи дојдов до одредени информации.Парите од продадената нафта се слеваа на сметка во банки во Либан на имиња на лица блиски до организацијата.После тоа парите се слеваа во Европа. Имињата на сите беа на ПКК.Секој ден нафтата се товараше и продаваше на стотици танкери.

Индикативно тука е тоа што ДЕАШ без испален куршум препушташе голем број стратешки точки на ПКК/ЈПГ во правецот Дејр ез Зор.

Во текот на напад на ПКК/ЈПГ/ПЈД на југот на Дејр ез Зор постигнале договор со ДЕАШ.Текстот на договорот го објави новинската агенција Касиоун.Истиот предвидува прекин на огнот меѓу ПКК/ЈПГ/ПЈД и ДЕАШ. Заедно со прекинот на огнот припадниците на ДЕАШ ќе го напуштат подрачјето а следниот ден откога тие ќе тргнат кон истокот на Сирија ПКК/ПЈД/ЈПГ ќе го окупираат источниот дел на градот.

Сепак тоа не е се.ПКК/ЈПГ/ПЈД и ДЕАШ се пазарат и околу непријателството кон Турција.На пример затворениците инаку припадници на ДЕАШ кои што се наоѓаат во затворите на ПКК/ПЈД/ЈПГ во окупираните места во Сирија како што се Рака и Дејр ез Зор се пуштаат од затворите под услов да изведуваат оружани акции против Турција.

И покрај тоа што припадниците на ДЕАШ не преземаат активности против Турција,тие сепак претставуваат закана за Турција бидејќи преку различни патишта влегуваат во Турција. Освен тоа терористичката организација ПКК/ЈПГ/ПЈД овие лица ги прикажуваат како да се рамо до рамо со Турција вршејќи на тој начин црна пропаганда на штета на Турција во меѓународната јавност.

Терористичката организација ПКК/ЈПГ/ПЈД ги пушта од затворите припадниците на ДЕАШ во Африн за да се борат против силите Маслиново гранче на Турција и против силите на слободната сириска војска.Освен тоа според последните вести ПКК/ЈПГ/ПЈД со цел да ги користат припадниците на ДЕАШ со лажни ветувања за подобар живот ги носат во Африн.

Освен тоа ПКК/ПЈД/ЈПГ им ветува на терористите на ДЕАШ кои знаат добро да се борат и да направат рачно изработени бомби дека ќе ги избрише нивните имиња од списоците со имиња на терористи,под услов да работат за нив.

Напорите на ПКК/ПЈД/ЈПГ за искористување на терористите на ДЕАШ за свои интереси и цели имаат големо значење од аспект на слевањето на терористи од една во друга терористичка организација.Оваа ситуација исто така претставува доказ за дволичноста на ПКК/ПЈД/ЈПГ која доколку е тоа во нејзин интерес може на сосема лесен и слободен начин да соработува дури и со најголемите непријатели.

ПКК/ПЈД/ЈПГ ги тера на принудно иселување арапското и туркменското население од местата кои ги окупира со цел етничко чистење и измена на демографската структура на населението на тој дел од окупираните територии.Тие исто така  меѓу луѓето кои сосила ги тераат на иселување местат и терористи на ДЕАШ кои не сакаат да ги сместат во затворите во окупираните територии и на тој начин ги испраќаат во Турција.Освен тоа  преку разни тајни канали и тунели на турско/сириската граница ги испраќа припадниците и групите на ДЕАШ во Турција.

Од друга страна американскиот неделник Нејшн на 9 февруари 2017 година објави извештај во кој што се истакнува дека ПКК/ЈПГ/ПЈД присилно исели десетици илјади лица од северот на Сирија, и дека изврши воено злосторство над човештвото.Десетици илјади Арапи и Курди цивили насилно беа протерани од северот на Сирија, освен тоа дека не војува против ДЕАШ туку дека напротив ги спречува групите кои војуваат против ДЕАШ. Поаѓајќи од тоа извештајот настојува да ја покаже соработката меѓу терористичките организации ПКК/ЈПГ/ПЈД со ДЕАШ.

 



Слични вести