Актуелно 06/2018

Борбата на Турција против тероризмот

Актуелно 06/2018

Повеќе од 30 години како Турција води борба против тероризмот, а во сето тоа време илјадници луѓе го загубија животот во терористичките напади, но и беше претрпена огромна материјална штета.Во последните години како додаток на борбата на Турција против терористичката организација ПКК се појави една друга терористичка организација, во случајот ДЕАШ која го користи хаосот во Ирак и во Сирија.

Во ново настанатата ситуација Турција од една страна се бори против терористичката организација а од друга во последно време и против терористичката организација ДЕАШ.Турските безбедносни сили успешно се борат против двете терористички организации намалувајќи ја опасноста која доаѓа од заканата на овие терористички организации по безбедноста на турската држава и турскиот народ. Како резултат на делувањето на терористичките рорганизации ПКК и ДЕАШ во северот на Сирија и на Иран долж турските граници со овие земји турските вооружени сили беа приморани да преземат воена акција отаде границата. Првин беше реализирана воената операција Штитот на Еуфрат а од 20 јануари наваму во тек е реализацијата и на втората задгранична операција, операцијата Маслиново гранче во подрачјето околу пограничниот град Африн во Сирија.

Терористичката организација ЈПГ која со години го контролира Африн претставува серизона закана по безбедноста на Турција.Во подрачјето околу Африн  се наоѓа планинскиот венец Аманос кој служи за кријумчарење на оружје и терористи  од Сирија во Турција. Ова јасно е докажано кога голем дел од ова оружје е запленето од страна на турските безбедносни сили во воените операции против терористите долж границата со Сирија. Присуството на ЈПГ во Африн од друга страна има голема улога во регрутирањето на терористи за потребите на ПКК.Освен тоа терористите на ЈПГ вршат меѓународна пропаганда на штета на Турција а во корист на ПКК.Во нападите на ЈПГ на Килис и особено на Рејханли голем број цивили го загубија животот. Успешното окончување на воената операција Маслиново гранче значи обезбедување на безбедноста на турските граници, од друга страна елиминирање на теористичката организација ЈПГ во Африн, а истовремено со тоа спречување на реализацијата на сонот за воспоставување на терористички коридор на јужната граница на Турција кој би се протегал од Ирак до Средоземното море.

Присуството на терористичката организација ЈПГ инаку воено крило на ПКК во Сирија не претставува само закана по турската национална безбедност, тоа во исто време претставува закана и по територијалниот интегритет на Сирија. Конечно т.н. раководство на терористичката организација КЏК кон која е поврзана и ЈПГ сеуште сонува за Курдистан чиј еден дел би се состоел од Турција и од Ирак. Оваа карта може да се забележи во зградите на регионалните власти во Африн. ЈПГ во подрачјата кои ги држеше под своја контрола и каде ја воспостави својата власт, прогласи Федерални власти Северна Сирија па дури и спроведе наместени избори.

Една друга цел на турската воена операција Маслиново гранче е чистење на Африн од терористите на ЈПГ и ослободување на тамошниот народ од притисоците и стегите на ЈПГ.Како што е познато населението во Африн претежно се состои од Курди.Дел од нив бегајќи од зулумите на ЈПГ се засолнаа во Турција, во Ирак и во дел од европските држави. Само во Турција се евидентирани 300 000 Курди бегалци од Сирија.Познато е исто така дека ЈПГ врши притисок и не им дозволува на Курдите од Африн да го напуштат градот.Турција во соработка и заедничко делување со Националната армија составена од Сиријци планира да го ослободи Африн од ЈПГ и да го ослободи народот од власта на ЈПГ. Тоа јасно е декларирано и на летоците кои турските авиони ги исфрлија над Африн , а на кои имаше напишано „ Африн им припаѓа на неговите жители“.

Воената операција Маслиново гранче од аспект на Турција е започната како резултат на неколку вистини.Од една страна преку оваа воена операција Турција ќе ги елиминира терористичките елементи на ЈПГ во Африн, а од друга ќе го зачува територијалниот интегритет на Сирија, а паралелно со тоа ќе ги ослободи сириските Курди од зулумите на властите на ЈПГ.Откога турските сили ги ликвидираа терористите на ДЕАШ од граничниот појас, се поретки стануваат терористичките напади на ДЕАШ внатре во Турција. Нешто слично ќе се случи и кога ќе бидат елиминирани терористите на ЈПГ од Африн.

Маслиново гранче според домино ефектот ќе ја олаби силата и позицијата на ЈПГ/ПКК и во другите делови на Сирија, како што се Мунбич, Хасеки, Рака и Дејри зор. Народот во овие градови уште од сега крена глава против властите на ЈПГ.Но не само тоа.

САД и другите земји кои ги штитат терористичките организации конечно ќе сватат дека оваа работа скапо ќе ги чини и дека нема да ги даде според нив очекуваните резултати.

Автор Џан Аџун



Слични вести