Актуелно 09-2018

Источна Гута – нов масакр пред очите на светската јавност

Актуелно 09-2018

Подрачјето Источна Гута кое се наоѓа источно од Дамаск и ја опфаќа дури населбата Џобар, едно од централните населени места на главниот град, од 2013 година наваму се наоѓа под опсада на силите на режимот на Асад. Подрачјето Источна Гута во последно време е најмногу и најчесто бомбардираното подрачје од страна на силите на Асад со воздушна поддршка на Русија. Само во рок од три дена во нападите загинаа над 250 невини цивили, по кој настан СБ на ОН свика вонредна седница на која беше постигната согласност за постигнување привремено примирје во цела Сирија. За жал одлуката на СБ на ОН де факто претставува продолжување на војната во Сирија и масакрите во Источна Гута. Бомбардирањето особено на здравствените центри и пекарите за леб кои ги намируваат основните потреби на граѓаните, уште еднаш ја отежнува човечката драма на локалното население.

Во врска со денешната тема ви го пренесуваме коментарот на Џан Аџун, истражувач и публицист при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА кој вели:

По формирањето три контролни пунктови за набљудување од страна на Турските вооружени сили во Идлиб, согласно мировните преговори во Астана, безконфликтноста во подрачјето релативно се зголеми. За жал воспоставувањето на безконфликтноста во Хомс, Гута и Дера согласно мировниот процес во Астана не е во надлежност на Турските вооружени сили и контролните пунктови за набљудување. По смирувањето на судирите во Идлиб, силите на режимот на Асад и прорежимски ориентираните сили се пренасочија кон Источна Гута од каде што започнаа поголеми операции.

Пред да започнат копнените операции, Источна Гута беше бомбардирана од страна на воздушните сили на режимот во Сирија и Русија. Русија и режимот на Асад во Источна Гута спроведуваат слична стратегија како во Алепо, уништуваат се живо и диво. Согласно оваа стратегија, во Источна гута беше доживеан вистински масакр врз основа на којнастан беше свикана вонредна седница на СБ на ОН. По закана од вето на Русија, СБ на ОН прогласи привремено примирје кое на терен не е е толку лесно остварлив. Ограниченоста на резолуцијата со терористичките организации ДАЕШ и Ал Каеда која беше усвоена од страна на СБ на ОН, како и неможноста за формирање механизми за санкционирање, покажува колку резолуциите на СБ на ОН се необрзувачки.

Официјално Русија во Сирија води борба само против терористичките организации ДАЕШ и Ал Каеда. Додека фактичката состојба на теренот е сосема поинаква. Цел на Русија во Сирија е умерената опозиција поради што врши бомбардирање без оглед на тоа дали се невини цивили или војници. Меѓудругото неможноста за формирање ниту еден механизам за санкционирање од страна на СБ на ОН, почитувањето на резолуциите се засноваат на доброволноста на страните.

Објавувањето на соопштението од страна на Русија дека во рамките на операциите во Источна Гута се раководи заедно со Ахрар уш Шам и Џејс ел Ислам како и ХТШ и дека исто така и овие групи треба да се држат надвор од резолуцијата за примирје, претставува јасен показател за тоа дека содржината на резолуцијата на СБ на ОН е отворена за злонамерни коментари. Во суштина во Источна Гута меѓу силите на Џејс ел ислам и ХТШ беа доживеани низа судири, додека приврзаниците на Џејс ел Ислам приведоа низа приврзаници на ХТШ. Ахрар уш Шам во моментот ког Русија го објави соопштението вршеше операција од поширок обем во подрачјето Идлиб против ХТШ.

Јасно е дека Русија и силите на режимот на Асад во нападите во Источна Гута вршат масакри. Источна Гута е подрачје кое изобилува со интензивна популација. Сто илјадници цивили во Источна Гута кој се наоѓа под опсада на силите на режимот на Асад постепено се убиваат.

По усвојувањето на резолуцијата од страна на СБ на ОН, Русија во знак на „добронамерност“ секој ден од 09.00 часот наутро до 14.00 часот попладне според локално време прогласи „примирје“ во Источна Гута. Прогласеното примирје уште првиот ден беше прекршено од страна на силите на режимот на Асад и прорежимски ориентираните сили кои продолжија со нападите врз источна Гута. Според информциите од екипите за цивилна заштита (Бели шлемови) во Источна Гута, режимот на Асад по резолуцијата на СБ на ОН и одлуката на Русија за проглсување примирје од 09.00 до 14.00 часот, продолжија со бомбардирањето на источна Гута. Силите на режимот уште во 09.30 часот почна со бомбардирање на насечените места Дума, Бејт Сава и мерџ во источна Гута.

Турција во својство на една од земјите гаранти на процесот на мировните преговори во Астана, презема иницијативи за спречување на судирите во Источна Гута. Во рамките на преговарачкиот процес во Астана, можноста за спречување на нападите на Русија и силите на режимот на Асад врз Источна Гута е многу поголема во споредба со онаа преку ОН. Се додека не се постигне конкретен резултат преку преговарачкиот процес во Астан, Турција се мобилизира за доставување хуманитарна помош на настраданите во Источна Гута и хоспитализирање на повредените.

Човечката драма во Источна Гута во суштина многу повеќе не може да се спречи поради комплексноста на структурата на ОН отколку позициите на Русија и режимот на Асад. Имено петте постојани земји членки на СБ на ОН наместо да дадат придонес во светскиот мир, за жал се раководат согласно нивните интереси. Денес можеби некое прелиминарно решение ќе го намали масакрот во Источна Гута или пак сите иницијативи ќе бидат безуспешни. Се додека не се промени системот и структурата на ОН, не ќе можат да се спречат уште низа слични масакри на оние во Источна Гута, вели Џан Аџун, истражувач и публицист при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА.



Слични вести