Евентуалните политички последици на воената операција Маслиново гранче

Новата равнотежа на силите која произлезе како резултат на реализацијата на воената операција на турските сили Маслиново гранче ќе има осетно влијание врз политичкото решение на кризата во Сирија.

Евентуалните политички последици на  воената операција  Маслиново гранче

Новата равнотежа на силите која произлезе како резултат на реализацијата на воената операција на турските сили Маслиново гранче ќе има осетно влијание врз политичкото решение на кризата во Сирија.

Воената операција на турските вооружени сили Маслиново гранче е завршена. Првите неколку дена од операцијата поминаа релативно тешко но подоцна со кршењето на отпорот на ЈПГ во подрачјата долж границата операцијата се интензивира и за кусо време заврши со ослободување на Африн од терористите. Во сето тоа време ЈПГ ги напушти руралните подрачја и се сконцентрира на центарот на Африн така да се слушаа вести дека се спрема за градска војна.Сепак се покажа дека сиве овие информации се неточни бидејќи ЈПГ воопшто не пружаше отпор така да турските сили коли делуваа во соработка со силите на слободната сириска војска без поголеми судири влегоа во градот.

Досега честопати се правеа анализи за воениот дел на операцијата Маслиново гранче, но сега поважно е како ослободувањето на Африн од терористите ќе влијае врз преговорите за разрешување на сириската криза

Операцијата Маслиново гранче од аспект на Турција има големо значење како операција со одвраќачка сила, и доколку се спореди со претходната  Штитот на Еуфрат таа беше многу потешка за изведување бидејќи се реаликираше во брдовит и непрооден предел и со многу по бројна терористичка сила. Сепак и покрај овие неповолни моменти турските војници кои беа вклучени во реализацијата на воената операција Маслиново гранче успееја да ја завршат во краток рок и со минимални човечки загуби. Јасно е дека сега после успешното реализирање на операцијата Маслиново гранче, Турција си ја покажа својата воена сила и воља и наговести дека ќе биде уште посилна и воено поефикасна во борбата против терористите на ЈПГ во Менбич и во подрачјето Источноо од реката Еуфрат.

Сега сосема извесно  е дека САД ќе се запрашаат до каде и колку ќе ја поддржуваат терористичката организација ЈПГ која скоро и да не пружаше било каков отпор на турските вооружени сили. Оваа ново настаната ситуација ќе ги примора американците  или да дадат одредени отстапки пред Турција околу Менбич, или како втора опција ќе одат на засилување на безбедносниот штит на ЈПГ. Поверојатно е дека САД ќе се определат за втората опција, бидејќи ако не успее во тоа сосема ќе ја загуби ЈПГ, бидејќи доколку дојде до турско американски договор околу Менбич, ЈПГ ќе се преориентира кон Техеран.

Реакциите на арапското население кон ЈПГ

Операцијата Маслиново гранче секако дека негативно се одрази на соработката меѓу ЈПГ и арапското население во подрачјата источно од реката Еуфрат.Познато е дека сојузништвата на ЈПГ со Арапите во рфамките на Слободните демократски сили на Сирија се потпираат на интереси и мотивацијата за обезбедување на локалната безбедност на арапското население. Познато е дека на пример ЈПГ нема апсолутно никаква власт во подрачјата каде во мнозинство живее арапско населние. Ова особено се однесува на Менбич каде уште од почетокот на воениот конфликт во Сирија беше познато дека се против режимските сили на Асад. Тоа практично значи дека слабоста која ЈПГ ја покажа пред воената интервенција Маслиново гранче ќе се одрази и на пресметките за Менбич. Впрочен подолго време дел од жителите на Менбич истакнуваат дека се против ЈПГ.Ова реакција може да биде уште посилна во следниот период. Средините кои бараат можност за борба против ЈПГ во Менбич  сакаат да видат дека Турција е серизона околу статусот на Менбич и според тоа да си ги завземат своите позиции. Маслиново гранче покажа дека турција од зборови може во секој момент да прејде на дела и дека нема да го свие вратот пред меѓународните притосоци.

Не само поразот туку и начинот како ЈПГ беше поразена во Африн е важна поента, која скоро не покажа било каков сериозен отпор пред турските вооружени сили и силите на слободната сириска војска. Тоа може да ги натера членовите на ЈПГ кои не се Курди по националност да почнат да размислуваат  дека не би требало да се жртвуваат за целите на ЈПГ. Тоа ќе биде видливо наскоро, а поткрепа за ова тврдење е расцепот видлив во рамкикте на ЈПГ меѓу кадрите на ПКК и локалните милитанти. Лидерите на ПКК до последниот ден повикуваа на одбрана на Африн, додека локалните милитанти не ја почитуваа оваа наредба ,го оставија оружјето и избегаа.



Слични вести