Актуелно 14/ 2018

Американско – руска тензија и потрагата на Турција по равнотежа

Актуелно 14/ 2018

После шпијунската афера со труењето на поранешниот руски агент во Британија Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулиа дојде до осетно затегнување на односите меѓу САД и Британија од една и Русија од друга страна. Земјите под влијание на Велика Британија својата реакција ја манифестираа со протерување на руски дипломати, така да од 25 западни земји на чело со САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд како и членките на ЕУ, вкупно беа протерани 140 руски дипломати. Руското министерство за надворешни работи ги одби сите обвинувања за труење на Скрипал и неговата ќерка, но не остана само на тоа туку за скандалот ги обвини Британските специјални сили и разузнавањето на оваа земја. НАТО во овој случај застана на страната за сојузниците, но Турција како членка на НАТО го осуди труењето на бившиот руски агент и неговата ќерка, но директно не ја обвини ниту Русија ниту пак протера руски дипломати како што тоа го сторија останатите членки на алијансата.

За темава имаме коментар на Џан Аџун писател истражувач од СЕТА –Институт за политички,економски, и општествени истражувања.

Аферата со бившиот руски агент Скрипал во многу потсетува на времето од периодот на Студената војна, сепак во актуелната конјуктира на светот не е можно да се разговара за студена војна, од причина што не е рационално да се мисли дека Русија самата ќе отвори фронт кон западниот блок. Факт е дека односите меѓу Русија и Западот се осетно затегнати особено после руската окупација на Крим и кризата со Украина, но сепак сето тоа не е доволно за односите да ескалираат на ниво на економска војна. Аферата Скрипал како да ја долеа последната капка на веќе преполната чаша, но сепак може да се констатира дека внатрешните превирања во западниот свет и поумерената политика кон Русија на дел од западните земји на чело со Германија всушност стануваат реалност.

Додека продолжува тензијата на релација Запад и Русија Турција се истакнува со својата уравнотежена политика.Турција секако дека поаѓа од нејзините национални интереси, така да во случајот со аферата Скрипал од една страна се солидаризира со западните сојузници а од друга се воздржува од протерување на руски дипломати, со што придонесува во намалувањето на тензијата.

Поаѓајќи од нејзините национални интереси Турција ги поставува темелите на нуклеарната централа Аккују во присуство на претседателите Ердоган и Путин. Нуклеарната централа Аккују ќе се состои од 4 нуклеарни реактора. Првиот ќе започне да функционира во 2023 година. Инаку централата ќе работи со капацитет од 4800 мега вати електрична енергија и ќе задоволува 10 посто од целокупната потреба од енергија на земјата.

Турција ја продолжува соработката со Русија и на планот на реализацијата на гасоводниот проект Турски тек, кој кога ќе започне целосно да функционира во втората етапа ќе се протега се до балканските држави. Со реализацијата и на олстанатите енергетски проекти Турција планира во блиска икднина да се претвори во енергетски центар на раскрсницата на два континенти.

Сепак ќе биде погрешно ако се каже дека Турција соработката ја ограничува само со Русија.Таа соработува и со САД и со земјите од Европската унија. Како последно во фаза на реализација е набавката на ракетите С-400 од Русија, но и воздушно одбранбени ракетни системи од НАТО. Тоа не е се. Таа соработува и со Франција и Италија особено во одбраната.

Факт е дека Турција доживува извесни проблеми со членките на НАТО кога се работи за терористичките организации ФЕТО, ПКК/ЈПГ.Таа има проблеми со Русија околу Кримското прашање, украинското прашање и прашањето околу Источна Гута во Сирија.И покрај сиве овие политики таа настојува да води една уравнотежена надворешна политика водејќи сметка пред се за нејзините национални интереси.

Тоа беше коментарот на Џан Аџун писател истражувач од СЕТА –Институт за политички,економски, и општествени истражувања на тема Американско – руска тензија и потрагата на Турција по равнотежа.

 



Слични вести