Денес во Швајцарија продолжува конференцијата за Кипар

Конференцијата продолжува со учество на технички делегации на инволвираните страни и земјите гарант на Кипар како што се Турција, Грција и Англија

Денес во Швајцарија продолжува конференцијата за Кипар

Денес во швајцарското гратче Мон Пелерин продолжуваат преговорите за Кипар околу поглавјето „Безбедност и гаранции“.

Согласно компромисот кој беше постигнат на преговорите за Кипар што се одржаа од 9 до 12 јануари во Женева, конференцијата ќе продолжи во Мон Пелерин со учество на технички делегации на инволвираните страни и земјите гарант на Кипар како што се Турција, Грција и Англија.

На конференцијата на која ќе бидат застапени пет страни, Кипарско турската делегација ќе ја предводи Оздил Нами.

Нами рече дека со цел преговорите да се спроведат здраво и планирано, ќе бидат во постојан контакт со претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи.

Турција на конференција ќе биде застапена од делегација предводена од заменик потсекретарот на министерството за надворешни работи Ахмет Мухтар Ѓун.

По средбите и состаноците меѓу техничките делегации, кон крајот на месецот се очекува да се одржи конференција на ниво на министри за надворешни работи на петте инволвирани земји и на тој начин да се определи рамката на конечната одлука која ќе се донесе на крајот на процесот.

Преговорите за Кипар повторно започнаа на 15 мај 2015 година, по изборот на претседателот Мустафа Акинџи со посредничката улога на специјалниот претставник на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде.

По интензивните преговори во Женева, на 12 јануари започна конференцијата со учество на страните на Кипар како и трите земји гаранти. Преговорите беа одложени за 18 јануари на барање на Грција.

Преговорите за Кипар се состојат од 6 поглавја и тоа: економија, ЕУ, правото на сопственост, поделба на власта, земјата и безбедноста како и гаранциите.



Слични вести