Балканска агенда 23-2017

Балканот како поле за тестирање на надворешната  безбедносна политика на ЕУ

Балканска агенда 23-2017

Генералната надворешна и безбедносна политика на ЕУ се појави по војните на териториите на поранешна Југославија во 1990-те години. Балканот во тие години беше искористен како поле за тестирање на надворешната политика на ЕУ. Благодарение на искуствата со кои се стекна од регионот, денес Брисел се стекна со поголема компетентност во иницијативите за воспоставување мир и стабилност во другите региони. Искуствата со кои се стекна на Балканот, од аспект на ЕУ се користат како средство за водење поефикасна надворешна политика на глобално ниво.

Кон средината на 20 век, потребата за соработка меѓу Западноевропските земји во надворешната политика и полето на одбраната уште повеќе се зголеми. Особено окупацијата на Северна Кореја на Јужна Кореја во 1950-та година, авантурите на Сталин по Централноевропските земји ги поткрепија идеите за интеграција на Западна Европа во полето на одбраната. Но во тој период, некои европски земји, особено Англија сеуште не беа спремни да направат отстапки од националната независност. Затоа не успеаја иницијативите како што се Европска заедница за одбрана и Европско политичко единство. По овие случувања, Европејците беа принудени да го почекаат Договорот од Мастрихт кој стапи на сила во 1993 година и ја формираше основата на ЕУ која се состои од три основни столбови. Вториот од овие столбови беше Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Војните кои беа доживеани во првата половина на 1990-те години на териториите на поранешна Југославија беа првиот сериозен предизвик пред Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. За жал ЕУ во тој период не беше успешна во иницијативите за изнаоѓање решение на Балканот. Основната причина за неуспехот беа сопствените интереси на земјите членки на унијата бидејќи не можеа да следат плодна заедничка надворешна и безбедносна политика кон регионот. Затоа во решавањето на кризата на Балканот беше почувствувана потреба од САД кој факт го наруши имиџот на ЕУ. Како последица на војните, организираниот криминал и сличните настани на Балканот во 1990-те години, ЕУ беше изложена на неповолното влијание на истите, но исто така дојде и до интензивирање на иницијативите за унапредување и развој на заедничките надворешни и безбедносни политики меѓу земјите членки на ЕУ.

Само војните на Балканот не беа поука за ЕУ, која дури по војните го продолжи своето политичко, економско и воено присуство на овие простори. Местото на меѓународните безбедносни сили како што беа полициските и воени мисии во Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, го презедоа мисиите на ЕУ. Официјален Брисел, со поддршка на НАТО од една страна вложуваше напори за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот, од друга страна пак ги подржуваше транзициите во регионалните земји, а исто така целиот регион го вклучи во процесот на проширување на ЕУ.

Сите наведени податоци ја формираа основата на значајното искуство со кое се стекна ЕУ од аспект на заедничката надворешна политика и безбедност. Раководителите во Брисел веруваат дека како резултат на искуствата со кои се стекнаа, ЕУ ќе може да одигра значајна улога и да даде придонес во напорите и иницијативите за постигнување мир и стабилност во различни региони во светот.

Како што е познато, историскиот Договор од Лисабон постигнат во 2009 година уште повеќе ја зајакна заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Брисел со формирањето на Високото претставништво за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) се надева дека ќе успее да го прочуе својот глас во светот како глобален актер. ЕУ за да се докаже како глобален актер, претходно треба да ја докаже својата доверливост во Западен Балкан, кој важи за предворје на Уннијата. Поаѓајќи од овој факт, Брисел продолжува со напорите за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. Како последица на некои внатрешни политички случувања од почетокот на годинава, процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина влезе во фаза на стагнација. Очигледно е дека Брисел како резултат на политиките што ги следи во регионот има ефективна улога во подобрувањето на односите меѓу регионалните земји. Гледано од аспект на ЕУ на Балканот сеуште се наоѓаат одредени проблеми и прашања кои чекаат решение. Пред се, Брисел треба да изнајде решение за укинување на грчката пречка на Македонија која вложува напори за започнување на пристапните преговори. Во случај ЕУ во иднина и да постигне компромис меѓу Македонија и Грција во однос на името, многу тешко сама ќе успее да изнајде решение за проблемите на Косово и во Босна и Херцеговина.

Автор на програмата е д-р Ерхан Турбедар.



Слични вести