Јилдирим:Наша желба е пучистите да не извршат удар врз односите меѓу двете земји

Премиерите Бинали Јилдирим и Алексис Ципрас приредија заедничка конференција за печатот по средбата и разговорот во Атина

Јилдирим:Наша желба е пучистите да не извршат удар врз односите меѓу двете земји

Премиерите Бинали Јилдирим и Алексис Ципрас приредија заедничка конференција за печатот по средбата и разговорот во Атина.

На дневен ред на конференцијата беше поставено прашањето за израчување на пучистите кои по обидот за воен удар на 15 јули лани изведен од страна на терористичката фетулахистичка организација ФЕТО пребегаа во Грција и побараа азил од грчките власти.

Премиерот Јилдирим во врска со тоа прашање рече: Наша желба е пучистите да не извршат удар врз односите меѓу нашите две земји.

Премиерот Ципрас на тоа одговори дека треба да се почитува одлуката на судот.

Во врска со кипарското прашање премиерот Бинали Јилдирим рече дека решението треба да биде правично. Решението треба да претставува гаранција за безбедноста како на турската така и на грчката заедница на Кипар сега и во иднина.

Премиерот Ципрас истакна дека изнаоѓањето правично и трајно решение за кипарскиот проблем се покажа како поважно од било кога досега.Ова прашање е важно и заради регионалната стабилност.Сметаме дека решението треба да се бара во рамките на резолуциите на ОН.

 

 



Слични вести