Ердоган во Нови Пазар го прими Сулејман Угљанин

Бошњачкото малцинство своите права може да ги бара согласно законите у уставните прописи на Србија

Ердоган во Нови Пазар го прими Сулејман Угљанин

Во рамките на посетата на Нови Пазар претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими Сулејман Угљанин, претседател на Советот на бошњачкото  малцинство.

Во говорот на состанокот со членовите на Советот на бошњачкото  малцинство, претседателот Ердоган рече дека Турција на жителите на Санџак и бошњачкото малцинство во Србија не смета само како на блиски роднини.

Бошњачкото малцинство своите права може да ги бара согласно законите у уставните прописи на Србија која има најразвиени прописи меѓу европските земји, рече претседателот Ердоган потенцирајќи дека Турција ги почитува напорите на претседателот на Советот на бошњачкото  малцинство Сулејман Угљанин.

Вложуваме големи напори за зголемување на турските инвестиции во Санџак и истите ги поттикнуваме рече Ердоган и потсети дека во врска со тоа вчера се осврна на Бизнис форумот во Белград.

Ердоган рече дека чувствува задоволство од тоа што има можност да ја види силната волја на турските бизнисмени кои што сакаат повеќе да инвестираат во Србија.

Двете земји треба да ја зголемат соработката особено во сферата на здравството, образованието, инфраструктурата и другите полиња, рече Ердоган.

Големо значење имаат проектите кои што ги остварува Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Управата за Турците во странство и роднински заедници во сферата на здравството, реставрацијата на историските споменици, зголемување на капацитетот на образованието и инфраструктурата. Вчера особено фрливме голем чекор на патот за остварување на проектот за увезување 5 илјади тони месо од Србија. Во оваа прилика реков дека поголемиот дел од ова месо ќе се набавува од Нови Пазар и околината. Договорите кои што ги фрливме денес се однесуваат на увозот на дрвена граѓа и мебел. Исто така разговаравме за можностите за формирање фабрика за мебел на овие простори, рече претседателот Ердоган.



Слични вести