Балканска агенда 51- 2017

Регионалната соработка на Балканот

Балканска агенда 51- 2017

Проширувањето продолжува да важи за една од клучните политики на ЕУ. Покрај различните тешкотии, западнобалканските држави фрлаат значајни чекори на патот за интеграција со ЕУ. Проширувањето уште од самиот почеток претставува подвижна сила на ЕУ за остварување реформи во државната управа и економијата, подобрување на квалитетот на демократијата и зајакнување на продуктивноста во јавните установи на балканските земји. Гледано од аспект на нивото на кое се наоѓаме, западнобалканските земји со фрлање дополнителни чекори на регионално ниво вложуваат напори за развој на економијата и интензивирање на процесот на приемот во ЕУ.

Регионалната соработка меѓу балканските земји во последно време претежно се базира на подобрувањето на животните услови, како и конкурентноста и економскиот развој. Според резултатите од анкетните истражувања на јавното мнение, прашањата како што се стапката на невработеност и општата економската состојба се прифаќаат за основни проблеми на регионот.

Десетици години балканските земји не можат да влезат меѓу развиените економии. Впрочем уделот на Бруто домашниот производ (БДП) на западнобалканските земји во светскиот БДП во 1980 година изнесуваше 0,38 насто, додека во 2008 година оваа бројка се намали на 0,18 насто. По овој датум и под влијание на економската криза, социоекономските проблеми во Балканските земји уште повеќе се продлабочија. Денес приходот по глава на жител во западнобалканските земји во споредба со просекот на ЕУ изнесува 38 насто.

Според извештајот Балкански барометар 2016, 28 насто од граѓаните на западнобалканските земји не можат да ги отплатат кириите и фактурите, 20 насто во зимските месеци не можат да ги затоплат домовите, 40 насто стравуваат од ризик дека можат да паднат на ниво на сиромашни, кај 36 насто владее загриженост дека можат да ја изгубат работата. Од друга страна пак, кај деловниот свет владеат поинакви тешкотии. Лани 40 насто од компаниите на Балканот, беа принудени да најдат решение на задоцнетите исплати. Поголемиот број од нив се соочија со тешкотии во пристапот до финансиските средства.

Тесната основа на приватниот сектор налага потреба за постојан проток на странскиот капитал за да се зголеми конкурентската моќ и да се постигне економски раст на балканските земји. Свесни за тоа дека наведените тешкотии не можат да се надминат лесно, западнобалканските земји во последно време фрлаат значајни чекори на регионално ниво за унапредување на меѓусебната соработка, преземање заеднички потфати, постигнување заеднички интереси и приближување до членството во ЕУ.

На Самитот ЕУ – Западен Балкан на 12 јули во Трст, беа разгледани можностите и инфраструктурните проекти за подобрување на транспортните и енергетски линии во регионот. Самитот беше едно од најзначајните регионални случувања на годината. Освен Самитот во Трст, исто така и сличните собири во Виена и Берлин обезбедуваат позитивен импулс за спроведување на потребните реформи за пристапување во ЕУ.

Нивото кое што денес е постигнато во регионалната соработка меѓу западнобалканските земји предизвика и силна парламентарна поддршка за остварување на соработката. Некои парламентарни форуми кои што се одржуваат во регионот, освен тоа што ја олеснуваат регионалната соработка, исто така даваат придонес во оформувањето на заедничко регионално сфаќање како и процесот на интеграција на ЕУ.

Регионалниот совет за соработка (РСС) со центар во Сараево е една од најзначајните установи која ги обединува заедничките интереси на балканските земји. Регионалниот совет за соработка обезбедува значаен придонес во поддршката на политичките, економските, социјалните и институционални реформи во регионалните земји. Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) како оперативен крак на Регионалниот совет за соработка во последно време фрла значајни чекори на патот за подобрување на нивото на развој, вработување и условите на конкурентноста на Балканот.

Со поддршка на овие установи како и регионалните активности, Балканските земји вложуваат напори за стекнување со еден нов изглед. Балканските земји сакаат да бидат познати како земји кои се борат против корупцијата, силни државни институции и установи, ги привлекуваат страндките инвестиции и вложуваат напори за подобрување на животните услови, а не како нестабилен регион. Но затоа балканските земји ќе треба да фрлат уште многу чекори. За интензивирање на процесот на пристапувањето во ЕУ, инволвираните регионални земји треба да фрлат порешителни чекори за дооформување на правната држава, економското владеење и управување, развојот на управниот капацитет како на национално така и на регионално ниво. Освен тоа, исто така треба да се покаже поголема ангажираност и преземање на потребните потфати во развојот и унапредувањето на билатералните односи, како и избегнување на изјави и соопштенија кои можат да нанесат штета. Во текот на 2017 година во билатералните односи меѓу регионалните земји беа доживеан различни случувања кои позитивно се одразија врз квалитетот на регионалната соработка.



Слични вести