Албанскиот стана официјален јазик во Македонија

Собранието на Република Македонија на продолжението на 27. седница, со 69 гласа за, го усвои Законот за употреба на јазиците

Албанскиот стана официјален јазик во Македонија

Собранието на Република Македонија со 69 гласа за, го усвои Законот за употреба на јазиците, воздржани немаше, а немаше ни против.

На пратениците од четвртокот им останата само гласањето, за коешто беше потребно и бадинтерово мнозинство, при што од 28 пратеници, 27 гласааа за, еден воздржан и ниту еден против.

По усвојување на законот, пратеникот од парламентарното мнозинство, Артан Груби, истакна дека со денешното гласање во Собранието е заокружен нормативниот дел на Охридскиот мировен договор, и сега преостанува институциите да го спроведат законот, со што граѓаните, според него, ќе ја почувствуваат јазичната еднаквост на албанскиот и македонскиот јазик во сите државни органи.

„Од моментот на објавување на законот во Службениот весник, нема да има ниту една пречка за натписот на зградата на Собранието и Владата на Република Македонија, како и Претседателството да бидат напишани и на албански јазик, што е една законска обврска за сите носители на институциите“, рече Груби.

На седницата не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои не учествуваат во работата на Собранието во знак на револт за, како што велат, недостигот на демократски амбиент како резултат на приведувањето на нивни колеги поврзани со настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Претседателот Ѓорѓе Иванов во својот традиционален новогодишен говор реагирајќи на предлог законот за употреба на јазиците за него реше дека истиот претставува закана за унитарноста на државата и дека се коси со Уставот на РМ.

Премиерот на Албанија Еди Рама пак преку социјалните медијуми законот за јазиците го оцени како историски успех на Албанците додавајќи дека дека со тоа Македонија ќе биде подемократска и посилна држава.

 

 



Слични вести