Балканска агенда 05/2018

Генезата на неразвиеноста на економиите на Балканот

Балканска агенда 05/2018

Од 80’тите години на минатиот век регионот на Балканот заостанува зад светските региони кои покажуваат раст.Тоа особено е забележливо во последните 200 години.Во овој период општиот просперитет на земјите од Западна Европа и Балканот покажува големи разлики на штета на балканските народи.

Светот во периодот меѓу 1770-1914 година беше сведок на голем напредок во социоекономски план благодарение на индустриската револуција во Европа.За жал рефлексиите од овој напредок не беа почувсртвувани насекаде и подеднакво.Балканските народи недоволно ги почувствуваа благодетите од индустриската револуција. На пример во 1910 година во Србија процентот на вработените во индустријата изнаесуваше 7 посто, во Бугарија и романија само 10 посто,во Хрватска 13 посто.Токму заради тоа доходот по глава на жител во балканскиот регион пред Првата светска војна беше за 3 до 4 пати помал од доходот по глава на жител на пример во една Германија, Белгија или Холандија.

Историчарите кои што се занимаваа со Балканот ,особено марксистите ги осудуваа надворешните фактори за назадната економија на балканските држави. Тие истакнуваа дека вината за тоа ја сноси централистичкото управување на отоманската империја која неколку века наназад владееше на балканските простори.Неколку години подозна се појавија теориите дека сепак и внатрешниот фактор има одредено влијание во неразвиеноста на балканските држави. На пример Џон Лампе одговорот за незарвоеноста на балканските држави го бара во  географските услови, војните, институционалните ограничувања и во политиките кои ги спроведуваа владите на тогашните балкански државички. Според него балканските држави кои ја стекнаа независноста во 19 век повеќе се занимаваа со политички отколку со економски проблеми. Одговорноста за доцнењето на индустријализацијата во баслканските држави според Лампе беше во банкарскиот сектор кој што не даваше кредити како и образовниот систем кој шт не едуцираше карди за да се вработат во индустријата и фабриките.

Мајкл Палаире пак смета дека во Србија и во Бугарија нема позитивен став кон странското инвестирање.Според него балканските држави процесот на индустријализацијата го започнаа во османлискиот период,но после ослободувањето од османлиската власт тие навлегоа во фаза на стагнација.Барбара Јелавиќ пак смета дека балканските држави се до Првата светска војна не успееја да применуваат модерни методи во земјоделието, а освен тоа се соочуваа и со проблеми во обезбедувањето на човечка работна сила и капитал.

Според Иван Беренд пак истакнува дека западните економии кои во последниот квартал од 19 век се индустријализираа, претставуваа добра можност за развојот и на источно европските држави. За жал балканските држави не успееја да го искористат овој потенцијал така да на почетоците на 20 век 75 до 80 посто од извозот на балканските држави се состоеше од земјоделски производи.

Се до крајот на Втиората светска војна балканските земји беа претежно земјоделски, а во трговијата и индустријата во голема мера зависеа од западните економиик.По Втората светска војна советскиот сојуз својот централистички начин на управување се обиде да го извезе во балканските земји освен во Грција. Комунистичките власти кои дојдоа на власт со поддршката на Советскиот сојуз се огледаа на советската економија, додека од друга страна Албанија и Југославија самите со својата борба ја освоија власта и за разлика од другите не зависеа толку многу ос советите, така да тие самите си ја определија сопствената економска политика.

Општо земено балканските држави после Втората светска војна се определија за централистичко владеење, но и покрај тоа тие не успееја да воспостават контрола во економијата. Од друга страна останаа економски зависни од Советите особено во надворешната трговија.

Како резултат на тоа јазот меѓу западните држави и балканските држави во делот кој што се однесува на економскиот развој стануваше се подлабок и подлабок. Од тие причини балканските држави периодот на транзицијата кон слободната пазарна економија го поминаа доста турбулентно и во неповолни услови. Ако се земе во предвид и војната која започна во 90’тите години, несомнено дека таа остави длабоки траги како во социо економската структура така и во останатите сегменти од животот на балканските држави.

Впрочем политката секогаш беше пред економијата во скоро сите балкански држави.Тоа е така и денеска, така што не случајно ѓраѓаните на сите балкански држави од своите политичари очекуваат поголемо ангажирање во економскиот просперитет на нивните држави.

Автор др.Ерхан Турбедар



Слични вести