Западен Балкан од географски аспект е дел од Европа и споделува заедничка историја

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини истакна дека 2025 година не е фиксен временски рок кога земјите ќе станат членки, бидејќи претставува перспектива и стратегија на членство.

Западен Балкан од географски аспект е дел од Европа и споделува заедничка историја

Западен Балкан од географски аспект е дел од Европа и споделува заедничка историја, културно наследство и исти предизвици, поради што е многу јасно дека ќе ја споделуваме и заедничката иднина во рамките на Европската унија , истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини за време на презентацијата на Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, која во живо беше емитувана во канцеларијата на ЕУ во Западен Балкан.

Могерини нагласи дека за време на последните три години се постигнати видливи резултати во регионот кои биле незамисливи кога го започнале партнерството со шестте земји од регионот, што покажува дека, како што рече таа, балканските народи направиле јасен избор за нивното пристапување кон ЕУ.

Могерини рече дека наредните месеци ќе бидат интензивни кон правење на вистинските чекори за промена одбележувајќи нова историја што ќе се памти во ЕУ. Според неа, првите месеци од 2018 година можат да бидат месеци на големи промени, но 2025 година не е фиксен временски рок кога земјите ќе станат членки, бидејќи претставува перспектива и стратегија на членство.

Од друга страна, Еврокомесарот Јоханес Хан, истакна дека Стратегијата не е покана за земјите, туку само начин за канализирање на активностите кои се претходно започнати.

Хан посочи дека се јасни условите кои треба да бидат исполнети од страна на земјите аспиранти, и додаде дека ЕУ не е подготвена да ги прифати во во нејзините редови земјите кои имаат билатерални спорови и конфликти.

За да земјите да постигнат напредок потребно е функционирање на владеењето на правото, безбедноста, миграцијата, социо-економското прашање, поврзаноста, дигитализацијата и меѓусоседските односи.



Слични вести