Ердоган: Ние бевме првата земја која ја призна Република Македонија под уставното име

Претседателот Ердоган, за време на заедничката прес-кофнеренција со претседателот на Македонија,Иванов, во врска со спорот околу името помеѓу Грција и Македонија истакна: „Ние бевме првата земја која ја призна Република Македонија под уставното име.

Ердоган: Ние бевме првата земја која ја призна Република Македонија под уставното име

Претседателот, Реџеп Таип Ердоган, за време на заедничката прес-кофнеренција со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во врска со спорот околу името помеѓу Грција и Македонија истакна: „Ние бевме првата земја која ја призна Република Македонија под уставното име. Каде сме денес, таму и ќе се наоѓаме и понатаму“.

Ердоган и Иванов, по одржаната средба во претседателскиот комплекс во Акара, одржаа заедничка прес-конференција. Претседателот Ердоган изрази задоволство поради тоа што го пречекал претседателот Иванов и неговата делегација во Турција, и рече дека посетата на Иванов е значаен показател на долгогодишните врски и пријателските чувства на Турција и Македонија.

Ердоган нагласи дека разговарале за сите аспекти на односите меѓу двете земји, за потенцијалните можности за соработка, и дека реализирале меѓуделегациски средби.

Турскиот претседател рече дека ја потврдиле волјата за интензивирање на трговските односи меѓу двете земји на многу повисоки нивоа, како политичките и културните.

Ердоган истакна дека верува дека моменталниот билатерален трговски обем може да се зголеми уште повеќе со заеднички напори. Истакнувајќи дека во рамките на оваа цел, ќе продолжат со охрабрување на бизнисмените и давање потребна поддршка за бизнис светот, Ердоган изрази задоволство што Иванов за време на средбата ја изразил истата волја. Турскиот претседател Ердоган нагласи дека Турција посакува да се зголемат инвестициите во Македонија.

„Се надеваме дека во наредниот период уште повеќе турски компании ќе делуваат во Македонија, и ќе придонесат економијата на земјата да достигне уште подобро ниво“, рече тој.



Слични вести