Поддршка од ТИКА на образованието во Македонија

ТИКА ќе ги реставрира објектите на Иса-беговата медреса во Скопје

Поддршка од ТИКА на образованието во Македонија

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) ќе ги реставрира заедничките објекти на Иса-беговата медреса во Скопје кои се користат за образование и како интенрнат.

Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајдин на прес-конференција рече дека на барање на управата на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Македонија беше направен увид на објектите чија реставрација и опремување беше побарана. По увидот што беше извршен, беше утврдено дека зградата на интернатот како и некои други образовни згради навистина се во многу лоша состојба.

Како последица на оштетеноста и проблемот со хигиената, дојде до сериозен пад во успехот на образованието и намалување во бројот на учениците и студентите при приемот. Со прифаќањето на проектот, во јули го остваривме тендерот за реконструкција на објектите и ги започнавме потребните активности.

Наш приоритет е реконструкција на просториите кои се за заедничка употреба во зградата каде што се одржува наставата поради тоа што се наближува почетокот на академската година. Истовремено ги започнавме и другите реконструктивни работи во објектот на интернатот. Во најкраток временски рок сакаме да ги завршиме активностите за реконструкција на зградата според што и ги направивме нашите планови“, додаде тој.

„По завршувањето на реконструкцијата, ќе го опремиме и интернатот“ рече Ајдин.



Слични вести