Тенисерката Шарапова се прости од турнирот во Кина

Романката Симона Халеп ја совлада руската тенисерка Марија Шарапова со резултат од 2:0

Тенисерката Шарапова се прости од турнирот во Кина

По поразот од романската тенисерка Симона Халеп од 2:0, руската тенисерка Марија Шарапова се прости од турнирот на Отвореното тениско  првенство на Кина.

На првенството на тврд под што се одржува во Пекинг а чија награда изнесува 6,3 милиони долари, Шарапаова учествуваше со „wild card“. На третиот квалификационен натпревар Шарапова играше против вториот светски рекет Романката Симона Халеп.

На натпреварот кој траеше 72 минути, Халеп руската тенисерка ја совлада со резултат од 2:0, во сетови од 6:2. Тоа беше прва победа на Халеп против руската противничка со која има одиграно 8 натпревари.

Шарапова годинава првпат изгуби натпревар без освоен сет.

Тенисерката Халеп која се наоѓа во втората категорија на светскиот пласман на тенисерките, на четврт-финалниот натпревар ќе игра против Русинката Дариа Касаткина која ја совлада противничката Агниецка Радванска, последната светска шампионка.



Слични вести