Леброн најмлад кошаркар која ја мина границата од 30.000 поени

Дерби натпревар имаа екипите кои во историјата на НБА освоиле најголем број титули

Леброн најмлад кошаркар која ја мина границата од 30.000 поени

На натпреварот во кој домаќинот Сан Антонио Спарс ја совлада екипата на Кливленд Кавалирс со резултат 114:102, 33-годишниот играч на Кавалирс, Леброн Џејмс стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој ја минал границата од 30.000 поени.

Синоќа се одиграа пет натпревари од кошаркарската национална лига. Сан Антонио Спарс на домашен терен ја совлада екипата на Кливленд Кавалирс со резултат 114:102. Екипата на Кавалирс, која е една од фаворитите во првенството, го претрпе шестиот пораз во последните 7 натпревари.

Ол-стар ѕвездата на Спарс, крилниот центар Ламаркус Олдриџ на овој натпревар постигна 30 поени и 8 скока и беше најефикасен играч на натпреварот. Трипл-дабл постигна Кели Андерсон со 10 поени, 12 скока и 12 асистенции, додека дабл-дабл имаше Дежонте Мари со 19 поени, 10 скока и 7 украдени топки.

Во редовите на Кавалирс, Леброн Џејмс постигна 28 поени, 9 скока и 7 асистенции и успеа во својата кариера, во натпреварите од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата да постигне 30.021 поен, со што стана најмладиот играч на НБА кој ја надмина границата од 30.000 поени. Претходно титулата на најмлад играч со повеќе од 30.000 поени беше во сопственост на играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, кој тоа го постигна на 34 годишна возраст.

На листата на кошаркари со најголем број постигнати поени во својата кариера во НБА води Карим Абдул Џабар со 38.387 поени. Следат Карл Медоун со 36.928, Коби Брајант 33.643, Мајкл Џордан 32.292, Вилт Чејмберлен 31.419 и Дирк Новицки 30.808 поени. Леброн Џејмс е 7. кошаркар кој влезе во „клубот на 30.000”, а во историјата на НБА е единствен кошаркар кој во својата кариера постигнал повеќе од 30.000 поени, 7.000 скокови и 7.000 асистенции.

Дерби натпревар имаа екипите кои во историјата на НБА освоиле најголем број титули. Натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс (16 пати) и Бостон Селтикс (17 пати), беше неизвесно до последниот момент. На крајот домаќинот Лејкерс успеа да победи со резултат 108:107.

Во победата на Лејкерс најголем придонес дадоа Кели Кузма со постигнати 28 поени, Џордан Кларксон со 22 поени и 5 скок и Џулиус Рендл кој постигна дабл-дабл од 14 поени и 14 скока.

Ова е 4. последователен пораз на Селтикс. Најефикасни во гостинската екипа беа Кели Ирвинг со 33 поени, Маркус Смарт со 22 поени и 8 асистенции и Ал Хорфорд, постигнувајќи дабл-дабл со 13 поени, 12 скока и 6 асистенции.

НБА продолжува вечерва со 9 натпревари.

Орландо Меџик - Сакраменто Кингс 99:105

Оклахома Сити Тандер - Бруклин Нетс 109:108

Сан Антонио Спарс - Кливленд Кавалирс 114:102

Голден Стејт Вориорс - Њујорк Никс 123:112

Лос Анџелес Лејкерс - Бостон Селтикс 108:107



Слични вести