Меси 7-ми фудбалер во светот кој постигна 600 голови на официјални натпревари

Роналдо и Меси се двајца извонредни фудбалери кои од почетокот на 2000-те години наваму удрија силен белег на фудбалските терени и одиграа значајна улога во промовирањето на фудбалот во светот

Меси 7-ми фудбалер во светот кој постигна 600 голови на официјални натпревари

Аргентинскиот центарфор Лајонел Меси кој игра во Барселона е 7-от фудбалер во светот кој на официјалните натпревари постигна над 600 голови.

Португалскиот голгетер Кристијано Роналдо кој игра во Реал Мадрид веднаш по Аргентинецот Меси исто така успеа да ја надмине границата од 600 голови на официјалните натпревари. Меси со голот што го постигна во 27-та недела на Првата шпанска Ла лига против Атлетико Мадрид влезе во клубот на голгетери со над 600 голови.

По Роналдо, со над 600 голови Меси успеа да го забележи своето место меѓу легендарните фудбалери како што се Јозеф Бикан, Ромарио, Пеле, Ференц Пушкаш, Герд Милер и на тој начин да се вброи на списокот на играчи кои постигнааљ над 600 голови на официјални натпревари.

Роналдо и Меси се двајца извонредни фудбалери кои од почетокот на 2000-те години наваму удрија силен белег на фудбалските терени и одиграа значајна улога во промовирањето на фудбалот во светот. Роналдо и Меси се многу назад од шансата да влезат меѓу првите пет светски голгетери. Бидејќи за да го достигнат рекордот на Герд Милер Роналдо треба да постигне уште 97, а меси уште 135 голови.

33 годишниот Роналдо кој игра во 16-та сезона од кариерата, по сезоната 2017-2018 треба да постигне слични статистички податоци во наредните 2 сезони, додека 30 годишниот Меси кој игра во 14-та сезона, сличен успех треба да постигне во претстојните 3 сезони за да влезе меѓу првите пет голгетери на светот.



Слични вести