Турција го освои првиот медал на Медитеранските игри 2018 во Тарагона, Шпанија

На вториот ден од 18-сетите Медитерански игри кои што се одржуваат во градот Тарагона во Шпанија турската национална каратистка Серап Озчелик Арапоглу во категоријата кумите до 50 килограми за жени го освои третото место и се закити со бронзен медал

Турција го освои првиот медал на Медитеранските игри 2018 во Тарагона, Шпанија

Турската национална каратистка Серап Озчелик Арапоглу која учествува на 18-сетите Медитерански игри во категоријата кумите до 50 килограми за жени, го освои третото место и се закити со бронзен медал.

Според објавеното соопштение од Националниот олимписки комитет на Турција, на вториот ден од 18-сетите Медитерански игри кои што се одржуваат во градот Тарагона во Шпанија завршија натпреварите во карате во категоријата кумите до 50 килограми за жени.

Турската каратистка Серап Озчелик Арапоглу на натпреварот за бронзениот медал ја победи тунижанката Џемаи Еја со резултат од 7:2 и го освои првиот медал за Турција на Медитеранските игри 2018.

 



Слични вести