Странски печат 13.04.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат странските медиуми во врска со Турција...

Странски печат 13.04.2018

Иранската новинска агенција ИРНА соопшти дека Турција го поддржува мировниот план на авганистанската влада доставен до Талибан.

На Веб порталот на британскиот информативен сервис ББС на турски јазик им беше одделено место на изјавите на премиерот Бинали Јилдирим кој рече дека Турција има почит кон оние кои доаѓаат од Авганистан по легални патишта, но дека оние кои доаѓаат во земјата по илегални патишта создаваат сериозен проблем.

Како што пренесува германската новинска агенција ДПА претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изјави дека одговорните за нападот со хемиско оружје во Источна Гута и Дума во Сирија ќе ја платат сметката за тоа.

Ирачкиот весник БАСЊуз напиша дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган покажа реакција против Франција која ги поддржува терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ и ги угостува овие терористи во Елисејската палата.

Според Турско-американскиот веб портал, премиерот Бинали Јилдирим изјави дека онаму каде што ја има турската војска таму постои и мир.

Британската новинска агенција „Ројетрс“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на цивилните загуби во Источна Гута која се наоѓа под опсада на сирискиот режим.

Турско-американскиот веб портал, им одделува место на изјавите на потпретседателот на владата и владин портпарол Бекир Боздаг кој рече дека меѓународната заедница треба да делува заеднички по прашањето со Сирија.

Според Веб порталот на британскиот информативен сервис ББС на турски јазик, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган времето на предавање на подрачјето на Африн во Сирија ќе го определи Турција, а не рускиот министер за надворешни работи.

Како што напиша Рускиот веб портал „Спутник“ пак, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека подрачјето на Африн во Сирија не може да му се отстапи на режимот на Бешар Асад.

Според веста на Веб порталот на германски„Дојче Веле“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги повика Турците кои живеат во Европа да бидат влијателни во политиката во земјите каде што се наоѓаат. 

Во веста на Турско-американскиот веб портал пак им се одделува место на изјавите на началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар кој истакна дека нема да се дозволи да дојде до ситуација на свршен чин во Егејското Море и во Источниот Медитеран.

 

 

 

 



Слични вести