Блискиот Исток низ призмата на Турција 24-2017

Кризата со Катар

Блискиот Исток низ призмата на Турција 24-2017

Некои арапски земји во заливот Басра меѓу кои Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Египет изнесувајќи различни обвинувања ги прекинаа дипломатските односи со Катар. Во рамките на денешната емисија ќе говориме за Кризата со Катар и одразот на истата врз регионот, вели авторот Џемил Догач Ипек, асистент на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Прекинот на дипломатските односи на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Египет изнесувајќи различни обвинувања против  Катар предизвика најголема дипломатска криза во последниот период во Заливот. Целосниот прекин на дипломатските односи се поистовети со периодот кога американскиот претседател Трамп го зголеми притисокот врз Заливските земји да ги преиспитаат односите со Катар. Имено Саудиска Арабија и останатите арапски земји во заливот го обвинуваат Катар за поддршка на тероризмот. Но истите земји немаат никакви докази кои би можеле да ги докажат нивните тврдења.

Катар е мала земја во Заливот Басра, но исто толку многу влијателна од аспект на политиката и економијата на регионот. Во Катар кој брои 330 илјади жители, живеат околу 3 милиони лица. Катар е трета земја во светот која располага со најголеми резерви на земен гас. Исто така располага со значајни универзитети, тинк-тенк здруженија и меѓународни медиумски куќи како што е Ал Џезира. Во земјата се стационирани странски војници и бази. Односите меѓу Катар и Турција се на многу добро ниво. Чекорите што ги фрли катар на патот за енергетска соработка со Турција, добрите воени односи меѓу двете земји, турската база во катар предизвика незадоволство кај останатите Заливски земји.

Како резултат на поддршката што ја пружа Катар во својство на најбогата земја во Заливскиот регион, на движењата за стекнување со поголема демократија и демократски права, кај арапската јавност има доста позитивен имиџ. Со успешната функционализација на меката сила, Катар се стекна со големо влијание како на регионално така и на глобално ниво. Особено со посредство на медиумската група Ал Џезира која емитува емисии на англиски и арапски јазик, Катар оформува јавност на регионално и глобално ниво. Катар исто така привлекува посебно внимание со полибералните политики во однос на другите Заливски земји. Основната причина поради реакциите на Заливските монархии е катарската поддршка на масовната опозиција и реформските актери во процесот на Арапската пролет. Една од приоритетните причини поради што Катар стана мета на нападите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет па дури и САД е политичкиот избор на Доха и влијанието врз надворешната политика. Впрочем познато е дека Турција и катар ја поддржуваат умерената опозиција во Сирија која е против Асад и неговата администрација. Турција и катар се двете земји кои ја разубедија сириската опозиција да седне на преговарачката маса на мировните преговори во Женева и Астана.

Дипломатските санкции врз Катар која е земја членка на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) предизвика остар раст на цената на нафтата. Цената на еден барел сирова нафта од типот Брент се зголеми за околу 2 насто и изнесува над 50 долари. Во случај да дојде до зголемување на кризата во регионот, постои можност катар да се одвои од ОПЕК. Секако дека ова сценарио може да предизвика сериозен раст на цената на нафтата. Се надеваме дека наскоро ќе заврши кризата во Заливот со посредство на регионалните актери и регионот нема да биде изложен на уште една Заливска војна. Не треба да се зборави дека и покрај тоа што моменталната ситуација е далеку од евентуална војна, сепак постои и таа опција. Впрочем ако погледнеме од аспект на новото раководство на Саудиска Арабија кон Јемен, за жал покрај тоа што е мала веројатноста, постои можност оваа криза да прерасне во регионална војна.

Турција согласно традиционалната надворешна политика најпрвин ќе се држи настрана од евентуална меѓусекташка војна во регионот особено меѓу шиитите и сунитите. Но во случај Катар биде изложен на регионална изолација, тогаш Турција ќе биде принудена да го покаже своето пријателство кон овој значаен регионален сојузник. Мултилатералната дипломатија која што ја води претседателот Реџеп Тајип Ердоган во својство на привремен претседавач со Организацијата за исламска соработка претставува пример за добар почеток на тоа поле. Дипломатската иницијатива што ја започна претседателот Ердоган уште од самиот почеток на кризата со Катар одигра значајна улога во намалувањето на тензиите. Политиката на здрав разум која што ја следи Катар од почетокот на кризата исто така одигра поволна улога во намалувањето на тензиите во регионот. Турција на стабилноста во Заливскиот регион смета како на својата стабилност. Турција смета дека е многу значајна соработката со сите земји во регионот особено во борбата против ДЕАШ, радикализмот, секташтвото и исламофобијата. Секако дека меѓу земјите може да дојде до разлики во интересите и погледите. Но без оглед на тоа, исто така не треба да се заборави фактот за продолжување на дијалогот во сите услови. Турција е земја која најмногу чувствува жалење поради немилите случувања во регионот поради што во претстојниот период ќе направи се што е во нејзина можност за нормализирање на ситуацијата вели авторот Џемил Догач Ипек, асистент на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.



Слични вести