Убиен лидерот на ДЕАШ, Абу Бакир ал-Багдади

Русија информацијата за смртта на Ебубекир Багдади се обидуваат да ја потврдат и од други извори

Убиен лидерот на ДЕАШ, Абу Бакир ал-Багдади

Според тврдењето на Русија, голема е веројатноста лидерот на ДЕАШ, Абу Бакир ал-Багдади да биде убиен во воздушниот напад што беше извршен на 28 мај.

Во нападот кој беше извршен на 28 мај од страна на руските авиони во близината на Рака за време на состанокот на високите раководители на организацијата, загинаа 330 милинатни меѓу кои и 30 команданти.

Во соопштението се истакнува дека информацијата за смртта на Ебубекир Багдади за кого се претпоставува дека се наоѓаше во зградата за време на бомбардирањето се обидуваат да ја потврдат и од други извори.

Меѓу загинатите челници на терористичката организација ДЕАШ се наоѓаат и наводниот емир на Рака Ебу Ел Хаџи ел Мисри, раководителот за безбедноста на Сулејман ел Шавах и комндантот на подрачјето меѓу Рака и Сухне Ибрахим ен Нејеф ел Хаџ.

Од друга страна пак,  рускиот министер за надворешни работи Сергеј лавров во врска со соопштението на министерството рече дека информациите за убиството на лидерите на терористичките организации секогаш привлекуваат големо внимание.

За оваа соопштение слушнав и јас. Но сеуште немаме точни и прецизни информации, рече Лавров.



Слични вести