Рохинјани, новите жртви на боговите

Со месеци едно малцинство систематски се истребува од страна на властите на сопствената земја. Им се палат селата и градовите, се убиваат невини луѓе,мажи,жени,деца

Рохинјани, новите жртви на боговите

Со месеци едно малцинство систематски се истребува од страна на властите на сопствената земја. Им се палат селата и градовите, се убиваат невини луѓе,мажи,жени,деца. Се убиваат или се масакрираат со сабји и ножеви. Децата и старците се фрлаат во брзите реки за да се удават. Сето ова насилство кое го пропагира еден будистички свештеник го поддржува една држава, една државна власт, војници на таа иста држава,но и цивили.

Убиените не се само Рохинјани туку самото човештво. За жал меѓународната заедница на чело со ОН останува глува и слепа на овој тотален масакр. И покрај тоа што се муслимани Рохинјаните, не реагира ниту една муслиманска држава. Реагираше само Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој прашањето го постави на светскиот дневен ред.

Дури и Европската унија и сите останати западни земји кои се мошне чувствителни кога се работи дури и за правата на животните, за жал молчат пред масакрите на муслиманите во Рохинја.

За жал сето ова не тера на размислување дека зад сите западни пропаганди за демократија и човекови слободи се кријат економски интереси, што е една болна вистина, која им е добро позната на сите западњаци.

Западот ќе влезе во историјата како цивилизација која самата ги негира сопствените вредности. Се плашам дека ние ќе бидеме сведоци на оваа драма.

Западот пред 25 години ја потпиша својата смртна пресуда кога ги затвори очите пред масакрот на муслиманите извршен од страна на Србите во Сребреница, Босна и Херцеговина. После тоа следеше нејзиниот став околу граѓанската војна во Либерија, и потоа во воените конфликти во Ирак и во Авганистан. И конечно ставот на западните земји во моментот кога се одвиваше Арапската пролет ги исцрпи сите надежи.

Западот застана на страната на пучистите во Египет,кои го соборија легално избраниот претседател Мохамед Мурси, за што сметам дека беше последниот здив на западните вредности.

И конечно западот си ја покажа својата дволичност кога им ја отвори својата прегратка на пучистите кои се обидоа да извршат воен удар во Турција минатата година на 15 јули за да го соборат легално избраниот турски претседател. Пучистите таа ноќ убија и ранија стотици турски цивили а западниот свет и САД им ја отворија својата прегратка на овие убијци и им доделија статус на азиланти во нивната земја.

Денес веќе никој не е изненаден од истиот незаинтересиран став на западот кога е во прашање масакрот на цивилите во Рохинја. Не не изненадува бидејќи на сите веќе ни стана јасно дека западните вредности како што се демократијата, човековите права и етиката се само средства заради зачувување на нивните западни интереси. Она што деновиве се случува во Рохинја е истото што се случува во Сирија, Ирак, Либија и другите земји на воени конфликти.

Западот воопшто не сака Кина да се претвори во силна економска сила и да го реализира проектот Новиот пат на свилата. Повеќето од половината на светската поморска трговија се одвива преку морскиот теснец Аракан. Секој оној кој што ќе го контролира морскиот теснец Аракан ќе ги контролира нафтоводите и гасоводите кои се протегаат до Кина. Доколку овие енергетски линии се доведат под ризик тоа ќе резултира со голен удар за Кина и за нејзината економија која ќе биде доста фрагилна. Овие нафтоводи и гасоводи поминуваат низ Рохинја. Властите на Мијанмар уште од денот на стекнувањето на независноста вршат разни притисоци врз Муслиманите во Рохинја. За жал овие притисоци од 2010 година го зајакнаа интензитетот и се претворија во вистинско етничко чистење и геноцид. Насилството роди насилство и наеднаш во Рохинја се појави една терористичка организација опремена со најмодерно оружје. Оваа терористичка организација навидум како да се бореше за правата на Рохинјаните но секоја нивна акција значеше смрт и прогонство на самите Рохинјани.

Очигледно дека целта на западните земји кои влегоа во Авганистан и во Ирак се многу поинакви од онаа која тие ја декларираат. Чудно е тоа што никој не го поставува прашањето зошто западните војници се сеуште присутни во Авганистан и во Ирак кога се утврди дека во овие земји не располагаат со нуклеарно оружје или со оружје за масовно уништување.

Војната која Западот ја започна во 1991 година на Блискиот исток за жал се префрли во Азија. Се надеваме дека властите на Мијанмар нема да дозволат нивната земја да биде вовлечена во овој ѓердап. Очигледно дека со геноцид над муслиманите во Рохинја се сака да се промени политичката, безбедносната и етничката карта на овој дел од Азија. Несомнено дека овие настани нема да бидат ограничено само во Рохинја, така да единствено ни останува да веруваме дека светот повеќе нема да биде средство во рацете на овие валкани игри.

Автор Ердал Шимшек

 



Слични вести