Блискиот Исток низ призмата на Турција 38-2017

Референдумот на Северот на Ирак од аспект на меѓународното право

Блискиот Исток низ призмата на Турција 38-2017

Регионалната управа на северот на Ирак на 25 септември ќе одржи референдум за независност. Во рамките на денешната емисија ќе ја анализираме легитимноста на реферндумот од меѓународен правен аспект, вели авторот д-р Џемил Догач Ипек истражувач и асистент на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Во јуни, претседателот на Регионалната управа на северот на Ирак Месут Барзани рече дека референдумот за независност ќе се одржи на 25 септември 2017. Само одреден период по оваа најава Барзани рече дека кон референдумот ќе се приклучи и градското собрание на Киркук. Регионалната управа на северот на Ирак сеуште не ја обезбеди потребната внатрешна и надворешна поддршка. Освен Демократската партија на ирачки Курдистан, ниту една друга голема партија не се изјасни дека ќе го поддржи референдумот. Туркменците и Арапите во регионот кои имаат голема популација, немаат срдечен приод кон референдумот. Исто така немаат некоја вооружена сила за спречување на референдумот. Доколку во иднина Арапите и Туркменците успеат да зајакнат, тогаш ќе ги испробаат сите можности и иницијативи да ги вратат териториите.

Последиците на референдумот во случај истиот да не може да се спречи ќе бидат многу тешки, дури може да предизвика и голема војна во регионот. Случувањата кои беа доживеани по Минхенскиот договор во 1938 година можат да се доживеат на Блискиот Исток и тоа многу покрваво.

Референдумот кој се планира да се одржи на Северот на Ирак како од општата состојба на регионот така и од аспект на Ирак и легитимноста има сериозни последици. Најпрвин да кажеме дека барањето на ирачките Курди не е легитимно од аспект на самоопределувањето. Самиот претседател на Ирак е ирачки Курд. Во Ирак се наоѓа автономна пбласт која се наоѓа под управа ма Курдите. Меѓудругото Северен Ирак го доживува најпросперитетниот период. Не постои никаков политички или воен притисок врз Курдите во Ирак или Регионалната управа на северот на Ирак. Не постои никаква неповолна ситуација која би го оправдала барањето за самоопределување и отцепување. Во случај да се прифатат сите произволни самоопределувања тогаш не само во Ирак туку и во другите земји ќе дојде до изнесување барања за отцепување. Денес како најосновно правило на меѓунарондото право важи зачувувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на државата кое истовремено се прифаќа како гаранција на меѓународниот мир и стабилност. Употребата на вооружените сили, единствениот исклучок на право на самоодбрана се предвидува единствено во случаи на загрозување на територијалниот интегритет и независноста. Процесот на одржување референдум, освен правни предизвикува и низа други сериозни проблеми и последици. Што е најзначајно во целиот овој процес во Ирак пак постои голема популација која е против и која смета дека референдумот не е легитимен.

Одлуката која што ја усвои Градското собрание на Киркук се коси со правото и не се смета за важечка. Оваа одлука пред се се коси со уставот како и законските прописи и регулативи на Ирак. На седницата на Собранието на градот Киркук не учествуваше ниту еден член од туркменско или арапско потекло. Одлуката за референдумот беше изгласана само од страна на Курдските членови и тоа од 26 од кои 24 учествуваа на седницата, а одлуката беше усвоена од страна на 21 курдски член за. Одлуката за референдуум беше усвоена само од страна на курдските членови на собранието, освен Курдите ниту еден друг претставник на другите етнички заедници кои исто така живеат во Киркук не гласаа за поради што оваа одлука се коси со уставот на Ирак кој е на сила.

Денес териториите кои се под контрола на Барзани и сојузниците и кои сака да се прогласат за независни, во суштина гледано од историски аспект припаѓаат на Туркменците. Тоа се територии на претците на Туркменците. Денешната контрола над овие територии од страна на Барзани не ја менува вистината. Голем дел од популацијата на подрачјето се Туркменци. Покрај долгогодишните напади на кои се изложени Туркменците, тие и денес продолжуваат да живеат на овие територии и се сметаат за конститутивен елемент на Ирак.

Во случај на претстојниот референдум се усвои одлука за отцепување на Регионалната управа на северот на Ирак, тогаш неминовно дека се раѓа правото и другите етнички заедници да имаат право на самоопределување. Во случај на евентуално усвојување на одлуката за отцепување, тогаш барањето на сите етнички групи согласно статусот од пред 1990 година ќе се стекнат со легитимно право на отцепување како и низа други права. Ако Курдите во Ирак имаат право на отцепување, тогаш и сите други останати етнички и верски заедници го имаат истото право.

Во тој контекс, во случај да се одржи референдумот и се усвои одлука за отцепување, тогаш на дневен ред во Ирак може да се појави и барањето на Туркменците за независност.  Меѓудругото во претстојните денови Република Турција и Ирак можат да стапат во контакт за постгнвање договор за помош и соработка во случај на евентуална закана на територијалниот интегритет на една од двете земји.

Тоа беше коментарот на д-р Џемил Чичек асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.



Слични вести