10 лица загинале во голем шумски пожар во Калифорнија

Шумскиот пожар оштети над 500 домови и работни простории и примора на евакуација на околу 20 000 жители.

10 лица загинале во голем шумски пожар во Калифорнија

Најмалку 10 лица го загубиле животот во силен шумски пожар кој што се шири со голема брзина во Калифорнија.

Шумскиот пожар оштети над 500 домови и работни простории и примора на евакуација на околу 20 000 жители.

Противпожарните служби соопштуваат дека пожарот зафатил површина од околу 100 000 хектари.

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун соопшти дека поради пожарот во 8 административни подрачја била прогласена вонредна состојба.

Голем број лица биле повредени во пожар, а неколку се водат за исчезнати.

Се уште не е позната причината за појава на шумскиот пожар кој предизвикува оштетувања на далноводите и телефонските кабли.

 

 



Слични вести