Што се случува во Иран?

Што ќе се случи понатаму во Иран?Дали протестите ќе престанат или ќе продолжат?

Што се случува во Иран?

Протестите кои започнаа во Мешхед во Иран поради сиромаштијата и невработеноста за мошне брзо време се проширија во Нишабур, Шахруд, Кирманшах, Кум, Решт, Језд, Казвин, Захидан, Ахваз и другите градови. На почетокот на демонстрациите на целта беше владата а потоа и останатите политички лидери. Се слушаа пароли како „Смрт за Хаманеј и за Хезболах“. Полицијата приведе стотици демонстранти а десетици го загубија животот.

Сега се поставува прашањето што ќе се случи понатаму во Иран?Дали протестите ќе престанат или ќе продолжат?

За темава имаме коментар на  Џан Аџун истражувач и писател од  СЕТА.Еве што вели тој :

Генерално во Иран се забележуваат две важни причини, влошената економија и внатрешно политички проблеми.Се повеќе расте нетрпеливоста меѓу претседателот Рохани и свештенството предводено од Хаманеј.Нивните меѓусебни обвинувања, ембаргата над Иран се повеќе се одразуваат негативно на економијата и кај граѓаните предизвикуваат недоверба во властите. Економијата во Иран секојдневно е се послаба, националниот доход се движи околу 350 милиони долари, во земјата се забележуваат големи проблеми во вработувањата а инфлацијата е во пораст.Згора на тоа инфраструктурата е недоволна, а се јавуваат и проблеми како што се загадувањето на воздухот и суша. Сепак во надворешната политика се следи експанзија и тоа претежно во Либан, Јемен, Сирија и Ирак каде што се постигнуваат успеси. Етничкиот момент е оној кој што привлекува внимание во протестите во Иран. На пример во подрачјето Ахваз се бунтуваат Арапите, во истокот Белучите,во западот Курдите и во останатите делови Туркмените. Нивното бунтување против властите во себе крие етнички причини.

Сепак и покрај тоа што се истакнува дека економскиот момент е оној кој што ги предизвика протестите во Иран сепак не може да се занемари надворешниот фактор. Властите во оваа земја тврдат дека агентите на странските држави се виновни за смртта на загинатие демонстранти.Тоа го поткрепуваат со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп кој преку Твитер ги поддржа демонстрациите во Иран. И израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не крие дека ги поддржува демонстрациите во Иран.

За разлика од нив МНР на Турција соопшти дека треба да се посвети големо внимание на општествениот мир и на стабилноста на братски и пријателски Иран. Во соопштението на МНР се подвлекува следното:  Ескалирањето на насилството на протестите во Иран ќе биде спречено, и дека ќе бидат спречени и надворешните обиди на подбуцнување.

Во пишаното соопштение на министерството се наведува дека Турција е загрижена поради веста за страдањето на цивилите и уништувањето на јавните објекти за време на масовните протести, кои во Иран започнаа на 28 декември.

Истакнувајќи дека Иран е пријателска и братска земја на Турција, од Министерството за надворешни работи во Анкара порачаа дека придаваат голема важност на зачувувањето на стабилноста и општествениот мир во соседството.

„Уверени сме дека е потребно да се спречи насилството и да се избегнат провокациите, а иранскиот претседател Хасан Рохани во тој контекст претходно порача дека народот на Иран има право на протести, но не и на кршење на законот и нанесување штета на јавните добра“, се наведува во соопштението.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин и Израел кои неодамна ги посети американскиот претседател Трамп со големо внимание ги следат случувањата и протестите во Иран деновиве.

Впрочем официјален Техеран во последните години сосема отворено ги обвинува надворешните сили за обиди за дестабилизирање на ситуацијата во земјата. Исхак Џихангири првиот потпретседател на Иран отворено вели дека сите економски и други причини се само изговор и дека во позадината на протестите стојат надворешни центри. Весникот Иран инаку близок до властите вчера на насловната страница објави коментар под наслов „ Одредени средини го користат народот како играчка“.

Ајетолахот Хаманеј рече дека непријателите на Иран користат пари, оружје и агенти за да ја дестабилизираат нашата земја.

Сепак факт е дека поради лошите економски услови во земјата извесен период се случуваат протести од помал обем во Иран. Иран е земја со богати природни ресурси но со народ кој што секојдневно се осиромашува. Освен тоа во последен период голем број крупни компании отидоа под стечај кои зад себе оставија маса невработени.

На протестите деновиве се слушаа пароли како : Не трошете ги парите за Газа,Сирија и Либан“, „Народот стана просјак“, „Остави ја Сирија гледај не нас“, „Не за Газа, Либан, Да за Иран“ „Смрт за Хезболах“ и други кои јасно покажуваат дека демонстрантите не се задоволни од надворешната политика на нивната земја особено на онаа кон Блискиот исток. Иран од една страна се обидува да се справи со економски проблеми а паралелно со тоа да следи една експанзионистичка политика кон Блискиот исток. Освен тоа се слушаа и пароли како „ Не сакаме исламска република“, „Сакаме слободна Иранска Република„ што покажува дека демонстрантите не се задоволни од тоталитарниот режим во нивната земја. Иронично беше тоа што во демонстрациите се слушаа молитви за покој на душата на соборениот ирански шах Реза Пехлеви. Иранскиот народ преку мас медијумите има можност да го гледа животот на народите во останатите муслимански земји како што е на пример Турција и да го споредува со сопствениот.

Конечно факт е дека демонстрациите во Иран се реакција на голем број фактори,од една страна потрага по слобода и економски просперитет а од друга напорите на странските центри кои сакаат да се предизвика хаос во оваа земја. Ставот на Турција кон овие настани ги има во предвид и двете причини.



Слични вести