САД се подготвува да преземе остри санкции против Иран

Првиот и приоритетен чекор кои ќе ги преземе САД и партнерите ќе биде лишување на Иран од физичките средства

САД се подготвува да преземе остри санкции против Иран

САД се подготвува да преземе остри санкции против Иран со цел да го укине влијанието на оваа земја во Сирија.

Дејвид Сатерфилд заменик американскиот министер за надворешни работи и експерт за Блискоисточните прашања во врска со прашањето рече дека планираат остри санкции против Иран со цел да го укинат влијанието на Иран во Сирија како и протерувањето на силите од Сирија кои се поддржуваат од страна на Иран.

На едно прашање на седницата на Комитетот за надворешни односи при Сенатот во врска со тоа како САД размислува да ги протера иранските сили од  Сирија, Сатерфилд рече:

„Тоа ќе се изврши со обединување на одредени превенции. Првиот и приоритетен чекор кои ќе ги преземе САД и партнерите ќе биде лишување на Иран од физичките средства како и преземање остри санкции против финансиските активности на Иран“.

Во освртот на ставот на Вашингтон во врска со Сирија, Сатерфилд рече дека на Конгресот за национален дијалог на Сирија во Сочи планираат да возвратат со посредство на ОН.



Слични вести