Источна Гута: Во нападите на режимот на Асад загинаа 9 цивили

Силите на режимот на Асад изведоа напад врз подрачјето на Источна Гута, регион кој силите на режимот го држат под блокада. Во нападите загинаа 9 цивили од кои 4 деца.

Источна Гута: Во нападите на режимот на Асад загинаа 9 цивили

Силите на режимот на Асад изведоа напад врз подрачјето на Источна Гута, регион кој силите на режимот го држат под блокада. Во нападите загинаа 9 цивили од кои 4 деца.

Режимот на Асад, во утринските часови изведува воздушни и копнени напади врз цивилното население во подрачјето на градот Дума и појасите Мисраба Мерџ, Секба, Џисрин, Кефер Батна и Ајн Терма.

Според извори на цивилната одбрана, во нападите на подрачјето на Мисраба изведени се напади во кои животот го загубија 4 цивили, од кои едно дете, додека во ракетните напади изведени врз подрачјето на Мерџ, животот го загубија 4 цивили, од кои 3 деца.

Во топовските гранатирања што режимот ги изведе врз подрачјето на Сакбе загина еден цивил.

Екипите на цивилната заштита, ранетите ги префрлија во здравствените центри.

Во подрачјето на Источна Гута кое е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили.

Источна Гута, според договорот од Астана е прогласено од едно од подрачјата за намалување на тензиите. Но режимот на Асад, чиј гарант е Русија, последните месеци ги интензивираше нападите врз подрачјето кое од април месец се наоѓа под блокада.

Во подрачјето во кое се продлабочува човечката криза, илјадници болни цивили имаат потреба од итна евакуација. Меѓу болните, поголемиот дел се деца или болни во напредна фаза на рак. Во Источна Гута, голем број бебиња и деца ги загубија своите животи поради глад или недостаток на лекарства.



Слични вести