Повторно заживуваат дипломатските односи меѓу Катар и Чад

Потпишан е Меморандум за разбирање со цел повторно воспоставување на дипломатските односи меѓу Катар и Чад, кои беа прекинати во процесот на кризата во Заливот

Повторно заживуваат дипломатските односи меѓу Катар и Чад

Потпишан е Меморандум за разбирање со цел повторно воспоставување на дипломатските односи меѓу Катар и Чад, кои беа прекинати во процесот на кризата во Заливот.

Според информациите добиени од политички извори, министрите за надворешни работи на Катар и Чад, Мухамед бин Абдуррахман ал Тани и Мухамед Зејн Шериф оствариле средба во зградата на катарското Министерство за надворешни работи во главниот град Доха.

Министрите за надворешни работи на двете земји потпишаа Меморандум за разбирање со цел повторно воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји.

Според потпишаниот договор, покрај повторното воспоставување на дипломатските односи, амбасадорите на двете земји ќе се вратат на функциите.

Администрациите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет на 5 јуни 2017 година ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар и воведоа економска блокада против оваа земја, со што беше предизвикана криза во Заливот.

Чад го обвини Катар за обид за дестабилизирање преку териториите на Либија, а на 23 август ја затвори амбасадата на Катар во земјата, и побара катарските дипломати за 10 дена да ја напуштат земјата.



Слични вести