Курц: Безбедноста најзначајно поле на заедничка соработка со Бугарија

Австрија го поддржува членството на Бугарија во Шенген зоната

Курц: Безбедноста најзначајно поле на заедничка соработка со Бугарија

Австрискиот премиер Себастијан Курц рече дека безбедноста е најзначајно поле на заедничка соработка со Бугарија.

„Особено надворешни граници и илегалната миграција се суштината на соработката“ рече Курц.

Во рамките на еднодневната посета на Бугарија, австрискиот премиер Себастијан Курц оствари средба со бугарскиот колега Бојко Борисов.

По средбата двајцата лидери одржаа заедничка прес конференција.

Курц на средбата посака успех во работата на Бугарија која до крајот на јуни ќе претседава со Советот на Европската унија и потенцираше дека од јули натаму, кога ќе ја преземат претседавачка функција со Советот од Бугарија, ќе се залагаат за посилна Европа.

„На средбата со бугарскиот колега Борисов разменивме мислења и во врска со безбедноста на надворешните граници на Европа“ рече Курц потенцирајќи дека „безбедноста е најзначајно поле на заедничка соработка со Бугарија. Особено суштинско значење имаат заштитата на надворешната политика и спречувањето на илегалната миграција“.

„Австрија го поддржува членството на Бугарија во Шенген зоната и нема ниту една друга земја членка на унијата која вложи толку големи инвестиции во заштитата на надворешните граници“ рече Курц.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пак рече дека цела Европа ги почитува напорите на Бугарија за максимално намалување на евентуалниот притисок од миграции.



Слични вести