Во Рим се одржа меѓународен министерски самит за поддршка на Либан

Турција на овој меѓународен министерски собир ја претстави министерот за национална одбрана Нуретин Џаникли.

Во Рим се одржа меѓународен министерски самит за поддршка на Либан

Во Рим се одржа меѓународен министерски состанок за поддршка на Либанската национална армија и силите за внатрешна безбедност.

Турција на овој меѓународен министерски собир ја претстави министерот за национална одбрана Нуретин Џаникли.

На состанокот учествуваа министри за надворешни работи и за одбрана на над 40 земји.

После самитот министерот за надворешни работи на Италија Анџелино Алфано, премиерот на Либан Саад Харири и специјалниот претставник на ОН за Либан Дахлер Кардел приредија заедничка конференција за печатот.

Премиерот на Либан Харири и се заблагодари на Франција која  соопшти дека ќе додели помош во висина од 400 милиони евра на Либан и на другите земји кои ја поддржуваат неговата земја.

По самитот беше објавена декларација во која се истакнува дека Либан и Либанската национална армија одиграа успешна улога во победата над ДЕАШ и останатите терористички организации.

 



Слични вести