Експлозија на возило-бомба во Киркук во Ирак

Едно лице го загуби едно лице, а 11 лица се ранети при експлозија на паркирано возило-бомба во Киркук

Експлозија на возило-бомба во Киркук во Ирак

Во моментот на поминување на конвојот со возила во кој се наоѓал кандидатот за пратеник на Ирачкиот туркменски фронт во градот Киркук експлодира паркирано возило-бомба при што животот го загуби едно лице, а 11 лица се ранети.

Шефот на полицијата во Киркук Али Кемал во дадената изјава по експлозијата рече дека паркирано возило-бомба пред еден салон за користени автомобили во квартот Хадра во Киркук било експлодиранио со далечинско управување во моментот на поминување на конвојот со возила во кој се наоѓал кандидатот за пратеник на Ирачкиот туркменски фронт Аммар Ќахја.

Велејќи дека Амар Ќахја успеал да се спаси од нападот без да здобие повреди, но дека животот го загубил еден цивил, а 11 лица меѓу кои се наоѓале и двајца телохранители на туркменскиот кандидат за пратеник Ќахја биле ранети.

Како што изјави шефот на полицијата во Киркук Али Кемал засега нема јасни информации во врска со тоа од чија страна било паркирано возилото-бомба на крајот на патот.

Во експлозијата изгореле и три возила кои се наоѓале на местото на настанот.



Слични вести