Заедничка реакција на Русија и Кина против санкциите на Трамп

Двајцата високи претставници постигнаа согласност во врска со прашањата како што се Северна Кореја, Блискиот Исток и Иранскиот нуклеарен договор

Заедничка реакција на Русија и Кина против санкциите на Трамп

Русија и Кина заеднички реагираат против буџетот за одбрана од 716 милијарди долари на САД во 2019, која одлука по потпишувањето од страна на претседателот Доналд Трамп стапи на сила.

Според информацијата која беше објавена од страна на Министерството за надворешни работи на Кина, на состанокот посветен на стратешката безбедност во Москва учествуваа претседателот за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката Партија на Кина Јанг Жиечи и Секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.

Јанг рече дека под лидерство на кинескиот претседател Ши Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, кинеско-руските односи напредуваат на највисоко ниво, потенцирајќи дека двете земји треба да работат на развојот и зајакнувањето на сеопфатното стратешко партнерство, во тие рамки да ја зајакната соработката во низа различни сфери и да обезбедат поголеми придобивки за народите на двете земји.

Патушев меѓудругото додаде дека благодарение на напорите на претседателите на двете земји, односите и врските меѓу Русија и Кина се многу цврсти и ја изрази спремноста на Русија за продолжување на преговорите на највисоко ниво како и зајакнување на стратешката координација.

Двајцата високи претставници постигнаа согласност во врска со прашањата како што се Северна Кореја, Блискиот Исток и Иранскиот нуклеарен договор.



Слични вести