Портпаролот на МНР на Иран: Нема да учествуваме во евентуалната операција во сириски Идлиб

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими истакна дека неговата земја нема да учествува во евентуалната операција на подрачјето на градот Идлиб во Сирија

Портпаролот на МНР на Иран: Нема да учествуваме во евентуалната операција во сириски Идлиб

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими истакна дека неговата земја нема да учествува во евентуалната операција што ќе биде реализирана од страна на режимот на Бешар Асад на подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Во период кога по одржаниот троен самит во Техеран на 7 септември меѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани, денеска по втор пат за 10 дена се состануваат во градот Сочи на црноморскиот брег претседателот Ердоган и рускиот претседател Путин кои повторно ќе разговараат по прашањето со Сирија, од портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими пристигнаа значајни изјави во врска со подрачјето на градот Идлиб.

Касими изјави за новинарите дека неговата земја не сака да учествува во евентуалната операција во врска со Идлиб.

„Во Идлиб постојат иницијативи во однос на хуманитарната состојба и земајќи го во предвид значењето на тоа ние се надеваме да постигнеме соодветен резултат.“ - рече портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими.



Слични вести