Турски печат 13.03.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 13.03.2018

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Срдечни пораки од новоформираната германска влада“ истакнува дека во Германија се формира нова влада составена од партиите Христијанско демократска унија (ЦДУ), Христијанската социјалистичка унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД). Германската канцеларка Ангела Меркел во изјавата за печатот рече дека Турција и ЕУ треба да бараат пат за продолжување на преговорите. Разликите во погледите и ставовите со Турција ги собираме во позадината на планината. Каналите за комуникација секогаш треба да бидат отворени. Бидејќи ние меѓусебно сме зависни. Турција во врска со сириските бегалци кои побегнаа од војната навистина покажа голема пожртвуваност и направи многу работи. Прифати околу 3 милиони бегалци, И ние сакаме да се придржуваме кон договорот со Турција, рече Меркел.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Демонстрација на Потсекретаријатот за одбрана во Катар“ истакнува дека во националниот конгресен центар на Катар во Доха стартува Меѓународниот саем и конференција за поморска одбрана (ДИМДЕКС 2018). На свеченото отворање на саемот присуствуваа министерот за анционална одбрана Нуретин Џаникли, началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, потсекретарот на потсекретаријатот за одбранбена индустрија Исмаил Демир. Турција во координација со Потсекретаријатот за одбранбена индустрија на саемот учествува со Унијата за на извозниците на одбранбената и воздушна индустрија и 33 фирми. Турските фирми на саемот изнајмија површина од 2 413 метри квадратни.

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Рутата насочена кон Турција“ истакнува дека големите патнички бродови рутата ја насочија кон Турција. Според соопштението кое беше објавено од страна на претставништвото на Поморската трговска комора на Истанбул и Мармара, Егеј, Средоземното море, Црноморските области (ИМЕАК) во Измир, во рамките на Саемот „Seatrade Cruise Global“ од 5 до 8 март во американското пристаниште Fort Lauderdale во Флорида биле остварени многу продуктивни средби со претставниците на големите патнички крстосувачки бродови. Според соопштението, светскиот гигантски патнички брод МСЦ почнувајќи од 2019 година, својата рута ќе ја насочи кон Измир и Анталија.



Слични вести