Турски печат 15.03.2018

Преглед на денешниот турски печат

Турски печат 15.03.2018

Весникот Сабах во веста под наслов „Јилдирим во Азербејџан“ истакнува дека премиерот Бинали Јилдлрим од вчера престојува во официјална посета на Азербејџан. Јилдирим во Баку учествува на 6 Глобален форум. Во разговор со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев премиерот Јилдирим ги подвлече добрите односи меѓу Турција и Азербејџан како и честите посети на високо ниво меѓу двете братски и пријателски држави.

Весникот Хуријет во веста под наслов „ Коментар на Јилдирим на разрешувањето на Тилерсон“ пишува дека по веста за тоа дека американскиот претседател Доналд Трамп го разреши државниот секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон, премиерот Јилдирим коментирал со следните зборови:Турско-американските односи не зависат од еден човек,независно од тоа кој ќе биде поставен на местото на Тилесон ставот на Турција е јасен.“

Весникот Сабах во веста под наслов „ Енергетските џинови ќе се состанат во Турција“ истакнува дека, со успех се реализира проектот на министерството за енергетика, на чие чело се наоѓа министерот Берат Албајрак. Наскоро во Турција ќе се одржи Светски енергетски конгрес со учество на стотици гости од целиот свет кои ќе дискутираат за геотермалната енергија и начините на нејзиното искористување, потоа за инвестиционите вложувања во искористувањето на геотермалната енергија како и соработката за реализација на проектите на овој план.

Весникот Ватан во веста под наслов „ Ќе се оживее мртвата туристичка сезона“ истакнува дека Турција двојно ги зголеми субвенциите на туристичките агенции кои ќе донесат туристи од странство. За сите туристички агенции кои во мртвата туристичка сезона ќе донесат туристи со авиони од странство се предвидуваат 6 пати поголеми субвенции, а 20 пати поголеми субвенции за агенциите кои ќе донесат туристи од Далечниот Исток.

 

 

 



Слични вести