Турски печат 16.04.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 16.04.2018

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „И ти ќе дојдеш од Пенсилванија“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган упати порака со решителност во борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО. Во говорот на 6-от редовен конгрес на градскиот огранок Малтепе на АК партијата, Ердоган рече: До денес донесовме 80 припадници од странство. И во Пенсилванија (се однесува на водачот на ФЕТО) ќе дојдеш, без оглед на тоа каде и да се криеш.

Весникот „Сабах“  во веста под наслов „Премногу задоцнија“ го објавува говорот на премиерот Бинали Јилдирим на редовниот конгрес на општинскиот огранок на АК партијата на Тузла кој во врска со американската воздушна операција против силите на режимот во Сирија рече: „Запад наеднаш се сети на невините во Сирија. Ова е задоцнет одговор на убијците“ рече Јилдирим.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „335 килограми излегоа од под перницата“ ја објавува изјавата на потпретседателот на владата Мехмет Шимшек кој рече дека граѓаните се стекнаа со доверба во обврзниците поради што покажаа интересирање. Во периодот на второто собирање на побарувачките, 7 100 граѓани извадија 335 килограми злато од под перница и ги инвестираа во обврзниците кои се базираат на злато и сертификати под закуп кои се засноваат на злато.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Повик од Столтенберг до сојузниците за поголема поддршка на Турција“ ја објавува изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за Агенцијата Анадолија кој рече дека Турција е значаен и стратешки сојузник на НАТО. Во Турција има сериозен потенцијал за поддршката на НАТО. Ги повикувам сите сојузнички земји да обезбедат поголема поддршка на Турција, рече Столтенберг.

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Во Мармарис пристигнаа 13 илјади туристи“ истакнува дека многу брзо започна туристичката сезона 2018 во Мармарис кај Мугла. Деновиве на плажите и улиците на Мармарис се забележува раздвиженоста на 13 илјади туристи кои пристигнаа во туристичкото место. Домашните и странски туристи уживаа во туристичкиот центар чија температура достигна дури 29 степени.



Слични вести